Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за учесници на работилници во – ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и/или ДУРДМОВ “Димитар Влахов” – Скопје на тема Претприемништво во рамки на проектот „Претприемирај се!“.
Проектот „Претприемирај се!“ се имплементира во рамки на иницијативата „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ која е координирана од Junior Achievement Србија, а партнер од РС Македонија е Национален младински совет на Македонија, финансиски поддржана од ЕУ.
Главната цел на проектот „Претприемирај се!“ е да се негува и поттикне претприемачкиот дух на младите во земјата и да се обезбедат можности за личен раст и развој низ призмата на претприемништвото.
Младинските програми ќе имаат за цел да го промовираат претприемништвото во 4 училишта – 2 во Скопје и 2 во Пробиштип. Програмите ќе се фокусираат на неформално образование за младинско претприемништво дизајнирано од искусни младински работници во областа.
Во методологијата широко ќе се користи методот на гејмификација (креирање онлајн игри за учење) и учесниците ќе имаат можност да ја користат апликацијата BeCoral, за најдобри практики. BeCoral е апликација за мобилни телефони, која е развиена преку стратешко партнерство Eramus+ во кое Крик е партнер. Целна група на програмите ќе бидат 20 млади луѓе во секоја програма (вкупно 80) од средните стручни училишта. Програмите ќе развијат вештини за овие млади луѓе да станат претприемачи откако ќе го завршат своето образование во професијата што ја избрале во нивната локална заедница. Програмите ќе се спроведуваат во просториите на училиштата, учесниците ќе бидат поканети од училиштата, но програмите ќе бидат отворени и за други млади кои сакаат да учествуваат. Во програмите ќе бидат опфатени млади лица со и без попреченост.
Програмите ќе траат вкупно 3 месеци и ќе содржат 10 работилници за одредени теми. Двајца младински работници за секоја програма (вкупно 8) ќе ги дизајнираат програмите и соодветно ќе ги имплементираат. Програмите ќе го поттикнат претприемачкиот дух кај средношколците и ќе им покажат алатки како да ги постигнат своите идеи.
За да бидете дел од работилниците, аплицирајте на следниот линк
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте нè на [email protected]