ЦМА Крик објавува повик за 2 истражувачи

Центар за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за 2 истражувачи за креирање на сеопфатен документ со политики, мерки и сервиси за отворање сопствен бизнис за млади, во рамки на проектот „Претприемирај се!“.

Проектот „Претприемирај се!“ се имплементира во рамки на иницијативата „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ која е координирана од Џуниор Ачивмент Србија, а партнер од РС Македонија е Национален младински совет на Македонија, финансиски поддржана од ЕУ.

Главната цел на проектот „Претприемирај се!“ е да се негува и поттикне претприемачкиот дух на младите во земјата и да се обезбедат можности за личен раст и развој низ призмата на претприемништвото.

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк.

За повеќе информации, можете да се обратите на [email protected]

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp