Коалицијата „Сите за правично судење“ го објавува следниот отворен повик за ангажирање на проектен/на асистент/ка кој е во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција“ Проектот се спроведува во рамки на ИПА II 2014, Грант шема од грантовата шема „STRENGTHENING THE IMPACT OF THE CIVIL SOCIETY IN EFFECTIVE JUSTICE SECTOR REFORMS“ (EuropeAid/159467/ID/ACT/MK). Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, а е спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии.
Критериумите кои треба да ги исполнува кандидатот се:
- Тековни или завршени постдипломски студии од областа на правото
- Најмалку 1 година работно искуство од областа на правото или работење во граѓански сектор (НВО)
- Познавање на Законот за кривична постапка
- Да се придржува до принципите на професионално работење, објективност и доверливост
- Познавање на Microsoft Office и Office 365
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Работно искуство во граѓански сектор и работа на истражувања од областа на правото ќе се смета за предност
- Способност за работа во тим
Работни задачи:
- Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор
- Подготовка, реализација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот
- Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот
- Комуникација со проектни партнери, соработници и државни институции
- Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа
- Други активности кои произлегуваат од реализацијата на проектот
- Теренска работа
- Тековно канцелариско работење
Работниот однос ќе трае од 01.03.2021 до 30.06.2021 година со можност за продолжување, а работно време ќе изнесува 40 часа неделно (од понеделник до петок).
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават апликација составена од кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик во word или pdf формат, пракачени на самиот e-mail.Рокот за пријавување е до 19.02.2021 (петок) до 17:00 часот на следната е-маил адреса: [email protected] со наслов: „За проектен асистент“
Апликациите кои нема да бидат испратени во соодветниот формат во наведениот рок нема да бидат земени предвид.
Постапка за избор на кандидат:
Апликациите најнапред ќе подлежат на административна проверка која опфаќа проверка на навременоста и соодветниот формат на апликациите. По разгледување на доставените апликации кандидатите со најдобро оценети апликации ќе бидат повикани на кратко тестирање и интервју за кое ќе бидат навремено известени, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција.