На 20ти јуни- Светскиот ден на бегалците, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации во Северна Македонија – УНХЦР распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2020 година”.
Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:
- Напис или серија написи
- Фотографија
- Мултимедијален производ
Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците, барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.
Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:
- Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2020 година (од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година)
- Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
- Покажува чувствителност и почит кон бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
- Избегнува сензационализам и стереотипизација
- Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија
Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Република Северна Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците и дали содржи карактеристики на професионално известување.
Важно :
- Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии/мултимедијален производ;
- На конкурсот не може да конкурираат новинари со стории за кои имаат добиено грантови од страна на МЗМП во партнерство со УНХЦР;
- Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
- Мултимедијалните производи да бидат испратен преку WeTransfer, со назначен датум на објавување;
- Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
- Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на [email protected], и во насловот да биде назначено името на јавниот повик; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на јавниот повик;
- Повеќе информации во врска со јавниот повик и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат од Олгица Танчева на тел. 071/395-399 или на адресата [email protected]
Рокот за аплицирање е 10.07.2021 година.
Изборот на стручната комисија ќе биде објавен најдоцна до 30.07.2021 година.
Повикот е достапен на албански и англиски на следните линкови: