Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци

Врз основа на член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, а во врска со точка 3 од Правилникот за стандарди на квалитет на младинските центри бр.12-923/1 од 07.04.2021година донесен од Агенција за млади и спорт, и член 6 од Одлука за отстапување на користење простор во сопственост на општина Кавадарци  за формирање  на Младински центар Кавадарци бр.08-3077/35  од  27.05.2021 година (Сл гласник на општина Кавадарци бр. 73/2021), општина Кавадарци објавува

 

Јавен повик

за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци

 

Се повикуваат сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на РСМ”, 10/2020) да поднесат пријава за избор на младинска организација или организации за млади која ќе раководи со Младинскиот центар  Кавадарци.

 Во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

                Младинските центри се основаат во соработка меѓу општините и младинските форми на организирање регулирани во законот.

Со Одлука бр.08-3077/35  од 27.05.2021 година, донесена на Седница на Совет на општина Кавадарци, општина Кавадарци обезбеди простор за функционирање на Младински центар Кавадарци, кој ќе биде доделен на управување на организација или група организации во временски период од 3 години, и тоа од јули 2021 до декември 2024 година,

                Организацијата/организациите потребно е да достават соодветна програма за работа на центарот преку која ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата преку:

  • Неформално образование: обучување и подучување на млади;
  • Информирање, менторство, подучување и советување;
  • Информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Младинскиот центар Кавадарци треба да биде од отворен тип и да им биде достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку 5 дена.

Заинтересираните организации/ организација потребно е да достават:

  • Пријава и годишна програма за работа на Младинскиот центар за периодот од јули до декември 2021 година
  • Годишен буџет за спроведување на предложената програма за периодот од јули до декември 2021 година
  • Портфолио на организацијата или организациите кои се пријавуваат на јавниот оглас, во кои јасно ќе се гледа нивниот придонес и работа во сферата на младинската работа
  • Биографии на сите лица кои ќе бидат ангажирани во спроведување на годишната програма – квалификувани младински работници врз основа на Националното портфолио за младински работници
  • Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци од организацијата или организациите

 

                Висината на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година е во процентуална вредност од 50% до 70% од потребните средства за реализација на поднесената Програма за работа на Младинскиот центар Кавадарци, но не повеќе од 300 000,00 денари.

                Градоначалникот на општина Кавадарци, ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, која што врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите, во рок од 3 (три) дена по завршување на рокот од Јавниот повик, до Градоначалникот ќе достави Мислење  со предлог за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци.

Врз основа на доставеното Мислење од Комисијата за разгледување и евалуација на пријави, Градоначалникот на општина Кавадарци, ќе донесе Одлука за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци .

Во рок од 3 (три) дена од донесената Одлука за избор, Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе склучи Договор за управување со Младинскиот центар во периодот од јули 2021 до декември 2024 година, со младинската организација или организации, која ќе биде избрана на овој јавен повик.

Во случај на заедничка пријава од повеќе организации, Договорот ќе биде потпишан со една од организациите (предложена во апликацијата) во име на неформалната група организации.

На огласот имаат право да се пријават младински организации или организации за млади со седиште или подружница во општина Кавадарци кои се регистрирани во Регистарот на младински организации и организации за млади, постојат повеќе од 3 години и работат во полето на младинската работа.

                Потполнетите пријави заедно со  Програмата и буџетот треба да бидат подготвени во формуларите изработени врз основа на стандардите за квалитет на младинските центри од Правилникот на Агенцијата за млади и спорт. кои може да се подигне во електронска верзија од веб страната на Општина Кавадарци  www.kavadarci.gov.mk.

                Пријавите да се достават до Општина Кавадарци во рок од 10 (десет)дена по објавувањето на јавниот повик во архива или по пошта на адреса : Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака  ,,Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци “

                Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.

 

 

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp