ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобра бизнис идеја и поддршка за започнување на бизнис

Центар за климатски промени објавува јавен повик за учество на млади лица во натпревар за најдобра бизнис идеја и поддршка за отпочнување бизнис. Најдобрите три апликации ќе бидат наградени и ќе добијат поддршка за започнување сопствен бизнис.
Повикот се отвара во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)“, финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија 2014-2020. Повеќе информации за проектот на следниот линк.

 
1. Услови за учество

  • Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години,
  • Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со една апликација/бизнис идеја,
  • Најдобрите три апликации ќе имаат обврска во рок од еден месец да основаат ново претпријатие,
  • Новооснованото претпријатие потребно е да биде регистрирано на територијата на еден од следниот региони: Југоисточен, Пелагониски, Вардарски или Југозападен регион,
  • Освен индивидуалци на повикот може да се пријават и претпријатија кои се регистрирани во 2019 и 2020 година а кои имаат потреба од поддршка во развивање и водење на бизнисот,
  • Да ја презентираат бизнис идејата на завршениот настан организиран во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)

 
2. Награда за селектираните идеи

Најдобрите три бизнис идеи ќе добијат:

  • Помош за регистрација на претпријатие (платени трошоци за регистрација и подготовка на потребна документација)
  • Изработка на веб сајт во WordPress со платен хостинг и домеин за 1 година
  • Платена ZOOM лиценца и cloud storage за една година
  • Платени сметководствени услуги за една година
  • Изработка на маркетинг план и промоција на социјални медиуми за три месеци
  • 1 компјутер и 1 принтер
  • Менторска поддршка за развивање бизнис план, развој и управување на претпријатието во период од 3 месеци
  • 1 година бесплатно членство во виртуелниот инкубатор

Сите 3 ново основани претпријатија ќе бидат дел од виртуелниот инкубатор во чии рамки ќе биде реализирана менторската поддршка од страна на менторите ангажирани преку ПСМ Фондација.

3. Критериуми за оценување

  • Бизнис идеја Концизен преглед на бизнис идејата, јасно идентификуван проблем и добро објаснет производ/услуга
  • Пазар

Целната група на бизнисот е јасно објаснета, идентификувани се најмалку три конкуренти и конкурентската предност дава доволно уверливост.

  • Маркетинг

Солиден преглед на маркетинг стратегијата. Детални информации за начинот на дистрибуција, промоција, цена и продажба.

  • Организација

Правна форма, човечки ресурси, потребна инфраструктура и опрема соодветно адресирани. Реалистичен план на поставени цели.

  • Финансиски план

Приходите и расходите се соодветно испланирани, опфатени се повеќе категории. Компанијата има реални изгледи да остварува профит.
 
4. Начин на пријавување

Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат критериумите потребно е да испратат пополнета апликација за бизнис идеја на [email protected] најдоцна до 10.03.2021 година.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp