Јавен повик за национални волонтерски награди 2020

Младински културен центар – Битола по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. По 15-ти пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми за:

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2020 ГОДИНА

Предложените волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:

– Иницијативите/ програмите да се реализирани во Република Северна Македонија
– Предложените волонтери да се граѓани на Република Северна Македонија
– Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2020 година.

Краен рок за доставување на предлозите е петок 27 ноември 2020 година до 16.00 часот

Сподели на