ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ВО КАРПОШ

Сите заинтересирани кандидатки и кандидати кои се заинтересирани да работат како образовни асистенти во основните општински училишта во Карпош може да поднесат барање до Основно училиште со ресурен центар „„Д-р Златан Сремец “ Скопје.
Апликациите, односно барањата со пројавен интерес може да го поднесат во ова училиште заклучно со 2 јули 2021 година, на адреса ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје, ул„Емил Зола “ бр.5, Скопје или по електронски пат на [email protected]
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02 277 0446.
Инаку, Општина Карпош досега беше општина со најголем број ангажирани образовни асистенти кои работеа со децата со посебни потреби кои се вклучени во наставниот процес во училиштата во оваа локална самоуправа.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp