Македонското здружение на млади правници – МЗМП објавува повик до сите млади правници кои истражуваат и пишуваат да поднесат концепти за стручни статии за четвртото издание на списанието “Правен фокус”!
Услови за аплицирање се:
Лицето да е дипломиран правник/правничка на возраст до 35 години;
Да поседува интерес во областа на човековите права;
Задолжително присуство на online обука за академско пишување организирана од МЗМП, пред започнување на процесот на пишување на стручната статија;
По објавувањето на списанието, авторот/авторката да присуствува на тркалезна маса организирана од МЗМП на која ќе ги презентира наодите, заклучоците и препораките од стручната статија.
Списанието „Правен фокус” е дел од активностите на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“, поддржан од Холандската Амбасада во Северна Македонија.
Рокот за пријавување е до 13 март 2023.
Повеќе информации се достапни тука.