Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците? Што се беше ветено за младите, а што од тоа се реализираше? Искористи ја можноста да дискутираш за ТВОИТЕ потреби со ТВОЈОТ градоначалник!
Ве покануваме да земете учество на настанот „Од ветено до реализирано! Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ во организација на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, кој ќе се одржи на 16.06.2021 со почеток во 11.00 часот, во просториите на Рагуза 360.
Вашето учество на настанот можете да го пријавите на СЛЕДНИОВ ЛИНК.
Настанот ќе биде во форма на јавна дискусијана која учество ќе земат градоначалници од три скопски оптшини, градоначалникот на Град Скопје и експерт за младинска политика. Фокусот на панел дискусијата ќе бидат десетте клучни ветувања за младите од програмите на кандидатите, креирани за локалните избори во 2017 година.
По спроведената дискусија, присутните на настанот ќе имаат можност да постават прашања и да остварат дијалог со панелистите, со цел да се дискутираат клучните приоритети за младите и колку истите биле во фокусот на работата на локалните самоуправи.
Агенда за настанот:
10.50 Регистрација на присутните;
11.10 Официјално отворање на настанот;
11.20 Јавна расправа: Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?
12.30 Отворена дискусија помеѓу публиката и говорниците;
13.00 Коктел и вмрежување.
Настанот „Од ветено до реализирано! Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ е организиран во рамки на проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) со назив „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и Национален младински совет на Македонија (НМСМ).