Јавна расправа „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет во општина Гевгелија’’

Како дел од проектот „Поддршка на изборни реформи, “ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), кој цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија како членка на НМСМ и вклучена во реализација на проекот „Поддршка на изборни реформи“, органзиира јавна расправа на тема „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет во општина Гевгелија“. 

Јавната расправа ќе се одржи на 17 јуни во 12 часот во хотел Аполонија – Гевгелија. Оваа јавна расправа се организира на локално ниво, и на истата како говорници ќе присуствуваат : 


-Даниела Гошева Кангова, Здружение на лица со телесен инвалидитет “Мобилност”-Гевгелија
-Бранимир Јовановски, Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, Скопје
-Toмислав Цветковски, Министерство за труд и социјална политика, Скопје
-Маријана Тошева, Општинска организација на Црвен Крст – Струмица
Mодератор – Лазар Трајков


Целта на јавната расправа е учесниците да бидат информирани и запознаени со тековната состојба, но и да споделат свои сознанија и предлози и разговарајќи заедно со властите и експертите, да придонесат кон зајакнување на можностите и политиките кои ќе им овозможат на лицата со телесен инвалидитет, подобрување на личниот и социјалниот живот и нивно активно вклучување во општествениот живот

Сподели на