Јас сум Југословенка! – Предавање на проф. Јасмина Тумбас – ВИКЕНД НА ГОРДОСТА – СКОПЈЕ 2022

Почитувани пријатели и претставници на медиумите,

 

Со огромно задоволство ве каниме на јавно предавање на проф. Јасмина Тумбас, со наслов: „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време на и по југословенскиот социјализам“во рамки на јубилејниот десети по ред Викенд на гордоста Скопје, во Музејот на современа уметност, 07 јуни, вторник, во 20:30 часот.

  

Јасмина Тумбас ќе зборува за нејзината последна книга „Јас сум Југословенка!: феминистичка пизведувачкаполитика за време на и по југословенскиот социјализам“ (Манчестер јуниверзити прес, 2022). За Викенд на гордоста во Скопје, Тумбас се фокусира на појавата на „квир“ Југословенката, како што ја дефинира таа, вклучително и на дискусија на контекстот во 1980-тите години, како и наследството останато денес. Преку разговорот ќе се сподели визуелната историја на југословенското лезбијско и квир движење – во кое се привилигираат истражувањата на жените на сопствената родова моќ во музиката, авангардните уметнички кругови и уметноста на перформанси; притоа таа ги истражува влијанијата во современата визуелна култура и уметност, вклучително и појавата на трансродовиот отпор и квир животот во новооформените национални контексти. 

 

Јасмина Тумбас (д-р по историја на уметност, Универзитет Дјук) е професорка по Современа историја на уметност и перформансни студии и директор на Постдипломските студии при Катедрата за глобални родови и студии за сексуалноста на Универзитетот во Бафало. Нејзината прва книга „Јас сум Југословенка!: феминистичка перформансна политика за време на и по југословенскиот социјализам“ неодамна беше издадена во рамките на едицијата „Преобмислување на историите на уметност“ на Манчестер јуниверзити прес (февруари 2022). Тумбас, исто така, работи на нејзиното второ дело, „Феминистите од југословенската дијаспора: уметност и отпор отаде државјанството и националноста“Се јавува и како гостин-уредник на специјалното издание на „Газета артликс бр. 5: Патријархатот завршен и исклучен: манифестен дискурс“, додека резултатите од нејзините истражувања се објавуваат во „Артмаргини“, „Камера опскура: студии по феминизам, култура и медиуми“, „Месечник за уметност“, „Уметноста во Америка“, „Журнал АСАП“, „Уметност и документација“, како и во антологиите „Промена на корпореалностите во современиот перформанс“ и „Перформансната уметност во втората јавна сфера“. 

 

Во прилог ви го доставуваме и каталогот со деталната програма и постерот за фестивалот. На следниов линк може да го видите и краткото промо видео за фестивалот. 

 

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк., КСП Центар-ЈАДРО и Терапија, со несебичната поддршка на Министерството за култура на РСМ, Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Фондацијата Фридрих Еберт, Амбасадата на Франција, Фондацијата отворено општество Македонија, и Сигрид. Раузинг.Изложбата Екстатични тела е делумно поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија преку Програмата Уметност Институција Политика Тело/УПИТ на Локомотива како и од програмата на ЕУ-Креативна Европа/Life Long Burning проект.

 

Вашето присуство на Фестивалот ќе ни претставува посебна чест и задоволство. За сите дополнителни прашања и информации поврзани со Фестивалот обратете се на Славчо Димитров, куратор на Викендот на гордоста Скопје, на 078 208803.

 

 Со почит,

Тимот на Викендот на гордоста Скопје 2022

ТЕКСТ

Сподели на