📢 Отворен повик за 2 младински работници и 2 млади лица за учество на семинар во Прато, Италија! 🇮🇹✨


🙌Бидете дел од меѓународниот семинар “Body Mind Techniques” во склоп на нашиот проект “Coping with Challenging Behavior in Youth” (CCBY)! 📣

📅 Кога: 28.01.2025 – 01.02.2025
📍 Каде: Прато, Италија

🌟 Цел на проектот CCBY:
Да се поддржи социјалната инклузија на млади со предизвикувачко однесување преку:
✔️ Подобрување на капацитетите на младинските работници и едукатори
✔️ Опремување со алатки за градење самодоверба, резилиентност и справување со стрес
✔️ Подигнување на свеста за причините, манифестациите и ефективните интервенции за предизвикувачко однесување

🎯 Цел на меѓународниот семинар „Body Mind Techniques“:
Обука на младински работници, едукатори, професионалци и млади за користење на техники за медитација на телото и умот, кои помагаат во:
🧘‍♀️ Зголемување на емоционалната свест
😊 Подобрување на благосостојбата
🧠 Зајакнување на менталното здравје

📌 Кого бараме?
👉 2 младински работници (над 18 години)
👉 2 млади лица (на возраст од 18 – 29 години)

✍️ Доколку сте заинтересирани, пополнете го формуларот за апликација најдоцна до 29.11.2024. 🔗https://tinyurl.com/593y42kd
Повеќе информации за повикот тука: https://tinyurl.com/jb4tc9mh


Проектот “Coping with Challenging Behavior in Youth“ (CCBY), финансиран од Еразмус+, е соработка меѓу Цма Крик, NART (Бугарија), Copenhagen Youth Network (Данска), Centro Yoga Belluno (Италија) и Regionalne Centrum Wolontariatu (Полска)

Сподели на