ССО е важно за младите да стекнат соодветни вештини за носење одлуки, да се почитуваат себеси и да ги почитуваат другите и да креираат здрави врски без злоупотреба и насилство;
ССО е важно за младите да добијат информации и знаење кои ќе им помогнат да носат одлуки врз база на информации. Земајќи ги предвид овие факти, ЦМА Крик во периодот од февруари до мај 2021 ќе имплементира младинска програма на оваа тема. Младинската програма е составена од циклус од 10 работилници на тема „Сеопфатно сексуално образование“, а е наменета за млади лица со попреченост од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје и млади лица со типичен развој. Онлајн работилниците ќе бидат имплементирани од младински работници кои се сертифицирани за врсничка едукација. Учеството е бесплатно