Тркалезна маса: Позицијата на младите во пандемијата

Пред самиот крај на годината, соочени со речиси 10 месеци поминати во здравствено-економска криза, сметаме дека повеќе од неопходно е да се отвори јавна дискусија како пандемијата не погоди нас младите и го промени нашиот живот. Затоа ја организираме тркалезната маса Млади во криза: Позицијата на младите за време на пандемијата која ќе се одржи на 9-ти декември (среда) 2020, на платформата Zoom со почеток во 12:30 часот.
Доколку сте млади, средношколци или студенти, сте дел од младински организации, или едноставно ве интересира темата, ве покануваме да се приклучите на дискусијата. Ќе дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме во образованието, вработувањето, менталното здравје, учеството, и што властите преземаат за нивно надминување. На тркалезната маса ќе се презентираат податоци за политиките и јавните средства наменети за намалување на негативните ефекти од кризата на младите, како и препораки на младинските организации.
Настанот ќе биде достапен на македонски и албански јазик и ќе биде обезбедено толкување на знаковен јазик.
За да присуствувате регистрирајте се на https://forms.gle/Q8Yjiqz5vXDBpTHv6 пред 8-ми декември, по што ќе ви биде споделен линк за учество.

Агенда на настанот:
12:30 – 12:50 Отворање и презентации на анализи за јавни политики
• Стефани Спировска, модератор, Младински образовен форум
• Виктор Стојкоски, Здружение за истражување и анализи ЗМАИ
Трошење на јавни средства за подобрување на состојбата на младите во пандемијата
• Блажен Малески, РЕАКТОР,
Реализација на јавни политики за млади во текот на кризата
12:50 – 13:15 Воведна дискусија во тркалезната маса
• Ѓорѓи Тасев, посебен советник за млади на Владата на Република Северна Македонија
Позиција на Владата и мерки за поддршка на младите
• Мери Цветковска, ХЕРА, платформа Млади во криза
Улогата на граѓанските организации во застапувањето за младите во криза
• Влатко Костовски (TBC), Национален младински совет на Македонија
Младинското организирање и делување во пандемијата
13:15 – 14:00 Дискусија со учесниците на тркалезната маса
Настанот е организиран од Младински образовен форум во партнерство со Реактор – Истражување во акција и Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Обука за анализа и статискика на податоци во MS EXCEL

Научете ги основите на анализа на податоци и примена на добиените резултати во донесување на правилни заклучоци и одлуки со користење на одредени наредби во апликацијата MS Excel.💻💹

⭕Аплицирајте на следниот линк: https://forms.gle/z7HDxriYZB1FEUPJ7

Модули кои ќе ги опфаќа оваа обука се:
– Референци на ќелии
– Работа со формули
– Користење на вградени функции во Excel

Цена на обуката како дел од општокорисната работа е да се исчистат три јавни површини по ваш избор.

Обука за ADOBE ILLUSTRATOR

Научете како да работите со алатките на Adobe Illustrator. Креирајте ваши илустрации, постери, банери и влезете во светот на графичкиот дизајн. 🖌

⭕Аплицирајте на линкот: https://forms.gle/YaXMnKG9WQVZFi868

Модули кои ќе ги опфаќа оваа обука се:
– Workspace setup
– Transform objects
– Understanding layers
– A final exercise

👉За да обезбедите место на оваа обука, потребно е како дел од општокорисна работа да одберете помеѓу креирање на дизајни за непрофитни организации, превод на материјали за непрофитни организации или садење дрва на јавна површина.

Обука за E-mail маркетинг

E-mail маркетингот е еден од најкористените методи за рекламирање на своите производи/услуги во денешно време.
Како се користи e-mail маркетингот, зошто е еден од најуспешните методи на рекламирање и какви стратегии се користат при рекламирање на овој начин можете да научете преку оваа обука. 💻📨📧
⭕️ Аплицирајте за оваа обука на линкот: https://forms.gle/oBakbGtCAWi68rPK9
 

За да обезбедите пристап до оваа обука, како дел од општокорисната работа ќе имате за задача да испратите e-mail за промоција на новата CareerHUB платформа согласно нашите инструкции.