Повик за учесници на тема “Истражи ја Македонија” во специјалните училишта

Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за учесници на тема “Истражи ја Македонија” во специјалните училишта.
Младинските програми опфаќаат циклус од 10 работилници кои се имплиментираат еднаш неделно во период февруари до мај 2021. Целта на младинските програми е зголемување на социјалната инклузија на младите лица со попреченост и градење на еднакво, демократско и инклузивно општетсво.
Работилниците опфаќаат едукативни, креативни и забавни активности кои се наменети за млади лица со попреченост (млади лица со интелектуална попреченост, млади лица со оштетен говор и слух и млади лица со аутистичен спектар на нарушување) и типичен развој, а кои ќе се имплементираат за учесниците во специјалните училишта:
– ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
– Инклузивен центар „Дружење без граници“ кој функционира во рамките на Приватното средно училиште САБА
Работилниците се реализираат онлајн.
Аплицирајте на овој линк!
 
Рок за аплицирање: 30.01.2021

Стрес – Out! Работилница за справување со стрес

Дали знаевте дека стресот е состојба во која нашиот организам се брани од некоја непосакувана ситуација?
Доколку сакате подобро да го разберете стресот, како и заеднички да дискутираме околу начините на кои можеме да се справиме со него, придружете ни се на нашата „Стрес - out! – работилница за млади за справување со стрес“! 💆‍♀️💆💆‍♂️
Работилницата ќе ја спроведува Билјана Василевска Трајкоска – магистер по социјална работа, системски и семеен советник.
Учеството не се наплаќа, туку го обезбедувате со споделување на некоја ваша постапка со која сте помогнале некому или сте направиле нешто од корист на пошироката заедница. Можете да се пријавите на следниот линк: 👉 https://forms.gle/8i9GuZSWkyXHqPVJ8

Обука за дигитален маркетинг

Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба!
Обуката ги опфаќа основите на дигиталниот маркетинг, развојот, креирање на маркетинг стратегии, сите видови на маркетирање низ дигиталниот простор, аналитика и извештаи и платформите и методите на маркетирањето. 💻
 
⭕️Аплицирај на линкот: https://forms.gle/WVYSDmamq94RQKYe8
За да добиете пристап до оваа обука, општокорисната работа би била 3 објави на социјалните мрежи (Facebook и/или Instagram) за платформата #CareerHub според насоките на проектот. Во објавата ќе треба да ги означите @mladihub.

Младинско статус кво – 10 години стагнација – презентација на наоди од истражување за социјален капитал на млади

Младински образовен форум со задоволство Ве поканува на презентацијата на наодите од истражувањето „Младинско статус кво – 10 години стагнација : Истражување за младинскиот социјален капитал“ која ќе се одржи на 26-ти јануари со почеток од 12:00 часот на онлајн платформата ZOOM.
На настанот ќе се презентираат клучните постигнувања на проектот како и наодите од истражувањето како и Младинската Декларација – Документ за младински приоритети, потреби и визии. По презентацијата на наодите и Младинската Декларација ќе следи дискусија на која ќе се даде осврт на презентираните податоци и нивното значење.
На настанот ќе се обрати Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, неговата екселенција Дејвид Гир, како и :
– Министерката за образование и наука, Мила Царовска
– Младен Фрчковски, раководител на одделение за пазар на трудот (МТСП),
– Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски
– Координатор на клубот на млади пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Јован Јаулески,
– Претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Бојан Петровски
– Претставник од Младите европски амбасадори (tbc)
Регистрирајте се на: https://forms.gle/fEp6rGZyvfgeYcgQ6
Истражувањето е реализирано во рамки на Проектот за младинско изразување кој МОФ го спроведува во партнерство со Младински сојуз – Крушево и Центар за балканска соработка Лоја, а e финансиран од Европската Унија.
Цел на истражувањето е утврдување на социјалниот капитал, ставовите кон и формите на граѓанско учество, како и ставовите и практикувањето на слободата на изразување меѓу младите во Република Северна Македонија.
Во рамки на анкетното истражување учество земаа 1960 ученици од средните училишта во земјата и 1833 студенти од јавните високообразовни установи. Покрај анализата на ставовите, перцепциите и граѓанското учество кај учесниците, беше направена и споредба со резултатите од истражувањето на социјален капитал кај средношколци реализирано во 2011 година.

AIESEC Македонија врши регрутација на нови членови

AIESEC е глобална, младинска, невладина и непрофитна организација која е застапена во повеќе од 114земји и територии во светот и броиме над 70,000 активни членови. Нашата цел е постигнување на мир во светот и достигнување на човековиот потенцијал преку развивање на лидерство кај младите. Досега преку 1 милион млади се имаат развиено себеси како дел од нашата организација, од нејзиното основање во 1948 година.

Овој месец вршиме регрутација на нови членови. Оваа регрутација е за сите оние кои што се спремни да направат промени во општеството и промени во себе си. Исто тоа се реализира преку членување во организацијата, работење проекти базирани на целите за одржлив развој на Обединетите Нации и преку интернационални размени.  Регрутација е за сите оние кои сакаат да научат и да напредуваат.

Преку волонтирање во AIESEC се развиваат тврдите и меките вештини на младите. Веруваме дека младите се идните лидери во светот и затоа се посветуваме на нивнот лидерски потенцијал.

Доколку сакаш и ти да станеш дел од тимот на AISEC, аплицирај тука!