Дали си заинтересиран за работа со млади? Сакаш да работиш во интернационален тим? Да живееш во Германија една година? Тогаш ја имаме совршената можност за тебе!
Младите можат споделува можност за волонтирање која доаѓа од најголемата младинска фондација во Германија, Schuler Helfen Leben и е во времетраење од 13 месеци во Lübeck или Neumünster, Германија.
Волонтерите за време на едногодишната програма ги поддржуваат СХЛ во реализирање на нивните активности и им помагаат во остварувањето на нивните цели. Преку волонтерската програма, СХЛ го поддржуваат личното учење, искуството, размена и вмрежување на волонтерите.
Во моментот отворени се волонтерски позиции во градовите Lübeck и Neumünster:
- Во Нојминстер, волонтери од Германија и земјите од Западен Балкан – заедно со тимот на СХЛ од Берлин – ја преземаат одговорноста за спроведување на Социјалниот ден и различни активности во Германија. Волонтерите можат да аплицираат за различни позиции. (види тука)
- Во Лубек се реализира програма која има за цел поддршка на иницијативите кои произлегуваат од Социјален ден и да овозможи размена на млади низ цела Европа. Волонтерите се дел од тим кој е вклучен во планирање и спроведување настани, работилници и други активности. Познавањето на германски јазик не е потребно, но е корисно. (види тука)