Волонтерски можности во Литванија и Турција

Дали сакате да живеете во странство, да запознаете интересни луѓе, да стекнете корисни знаења и вештини и да имате влијание врз општеството и локалната средина? Дали сте од Македонија и сте на возраст од 18 до 30 години? Доколку одговорот е „да“ – аплицирајте најдоцна до 11 февруари (четврток) за волонтерски проект во Литванија или во Турција! Сите трошоци се покриени.
12-месечен проект во Литванија – Прочитајте повеќе на следниот линк.
12-месечен проект во Турција – Прочитајте повеќе на следниот линк.

Бесплатна обука за работнички права

Доколку сметаш дека си жртва на нееднаков третман или пак трпиш вознемирување на работното место и сакаш да дознаеш кои се твоите права и на кој начин можеш да се заштитиш, пријави се на бесплатната онлајн обука за работнички права што ќе ја одржат правни советници од Хелсиншки комитет за човекови права.
Ипсратете порака со вашето име и презиме на електронската адреса [email protected] најдоцна до 16 февруари.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН/А АСИСТЕНТ/КА

Коалицијата „Сите за правично судење“ го објавува следниот отворен повик за ангажирање на проектен/на асистент/ка кој е во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција“ Проектот се спроведува во рамки на ИПА II 2014, Грант шема од грантовата шема „STRENGTHENING THE IMPACT OF THE CIVIL SOCIETY IN EFFECTIVE JUSTICE SECTOR REFORMS“ (EuropeAid/159467/ID/ACT/MK). Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, а е спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии. 

Критериумите кои треба да ги исполнува кандидатот се: 

  • Тековни или завршени постдипломски студии од областа на правото 
  • Најмалку 1 година работно искуство од областа на правото или работење во граѓански сектор (НВО) 
  • Познавање на Законот за кривична постапка 
  • Да се придржува до принципите на професионално работење, објективност и доверливост 
  • Познавање на Microsoft Office и Office 365
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Работно искуство во граѓански сектор и работа на истражувања од областа на правото ќе се смета за предност 
  • Способност за работа во тим 

Работни задачи: 

  • Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор 
  • Подготовка, реализација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот 
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот 
  • Комуникација со проектни партнери, соработници и државни институции 
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа
  • Други активности кои произлегуваат од реализацијата на проектот
  • Теренска работа
  • Тековно канцелариско работење 

Работниот однос ќе трае од 01.03.2021 до 30.06.2021 година со можност за продолжување, а работно време ќе изнесува 40 часа неделно (од понеделник до петок). 

Рок и потребни документи за аплицирање: 

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават апликација составена од кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик во word или pdf формат, пракачени на самиот e-mail.Рокот за пријавување е до 19.02.2021 (петок) до 17:00 часот на следната е-маил адреса: [email protected] со наслов: „За проектен асистент“ 

Апликациите кои нема да бидат испратени во соодветниот формат во наведениот рок нема да бидат земени предвид. 

Постапка за избор на кандидат: 

Апликациите најнапред ќе подлежат на административна проверка која опфаќа проверка на навременоста и соодветниот формат на апликациите. По разгледување на доставените апликации кандидатите со најдобро оценети апликации ќе бидат повикани на кратко тестирање и интервју за кое ќе бидат навремено известени, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција.

Global Shapers Skopje Hub е во потрага по нови членови!

Дали сакате да бидете дел од позитивни промени и да ја „обликувате“ заедницата?

Дали сте на возраст од 20 до 27 години?

Сакате супер дружба, размена на идеи и вмрежување?

Можеби токму ВИЕ сте новиот Шејпер кој Глобал Шејперс Хаб Скопје го бара!

‼️ Ако сте заинтересирани пополнете ја пријавата на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLScgF_G3aJjLz…/viewform и испратете ни ја вашата биографија/CV на – [email protected].
Рокот е до 15 февруари 2021. Побрзајте! 

Следи ја во живо Првата симулација на конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации

Првата симулација на СОР26 во државата ќе биде со 20 млади амабасадори за климатски промени кои претходно беа обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија.

Овогодинешната СОР26, ќе се одржи во ноември, Глазгов, Обединетото Кралство, додека симулацијата на истата ќе биде онлајн на 20/2/2021 каде ќе присуствуаат и релевантни носители на одлуки од реалниот живот.

Деталната агенда на симулацијата и говорниците може да ги видите на ФБ настанот каде и ќе се емитува.

Вашиот интерес да ја следите конференцијата и да ги добиете подготвителните материјали пријавете го со пополнување на формуларот. 👉https://forms.gle/VGXhPAubzSXgPbxWA

Симулацијата на СОР26 се реализира во рамки на проектот Млади амбасадори за климатски промени подржан од Британска амбасада во Скопје. 👉https://www.bidizelen.org/…/young-climate-ambassadors…/

*************

Simulimi i Konferencës së Palëve të KB (COP26)

Simulimi i parë i COP26 në vend dhe më gjerë do të përfshijë 20 ambasadorë të rinj për ndryshimin e klimës të cilët ishin trajnuar më parë përmes kursit online për Diplomacinë Klimatike.

COP26 këtë vit do të mbahet në nëntor, Glasgow, Mbretëria e Bashkuar, ndërsa simulimi do të jetë onliine me 20/2/2021 dhe do të përfshijë vendimmarrësit përkatës. Ne së shpejti do të botojmë një agjendë të detajuar të simulimit dhe folësve.

Shprehni interesin tuaj për të ndjekur konferencën dhe për të marrë materialet përgatitore duke plotësuar formularin.👉https://forms.gle/VGXhPAubzSXgPbxWA

Simulimi COP26 është realizuar në kuadër të projektit Ambasadorët e Rinj për Ndryshimet Klimatike mbështetur nga Ambasada Britanike në Shkup. 👉https://www.bidizelen.org/…/young-climate-ambassadors…/

Подобар Западен Балкан започнува од младите: Можности преку Регионалната канцеларија за младинска соработка

Сакаш да си запознаен/а со можности за младите луѓе и нивниот развој преку различни програми? Да соработуваш и учиш со други млади луѓе од регионот? Новата дигитална платформа за млади на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) ќе нуди инспиративни информации, приказни и конкретни можности за младите од Западен Балкан за да се зголеми разбирањето запотенцијалите на регионот за младите и да се промовира важноста на регионалната соработка. 

Приклучи се на онлајн настанот што ќе се одржи во среда (10.2.) во 18:30 часот на Зум – https://zoom.us/j/99801310377. 

На настанот ќе ги претставиме искуствата на младите луѓе од регионот кои веќе учествуваа во регионална програма на РИКО. Ќе презентираме приказни од успешни млади луѓе, интересни и необични хобија и ќе претставиме акции на млади активисти, волонтери и млади лидери. Исто така ќе бидат презентирани можностите кои се нудат за младите луѓе преку РИКО (размена на волонтери и практиканти, повици за финансиска поддршка за проекти, стипендии, настаникурсеви и обуки, натпревари за млади). 

 

Настанот е бесплатен и е наменет за сите млади (студенти, млади професионалци, средношколци, младински претставници, млади заинтересирани за доусовршување и работа, младински организации). 

Психопатологија од перспектива на Гешталт терапија

Со големо задоволство ви го најавуваме СЕРГЕЈ КОНДУРОВ од Русија, кој ќе зборува на тема ПСИХОПАТОЛОГИЈА, но овој пат од перспектива на ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈА. 
 
Како гешталт терапевти, наидуваме на низа различни ситуации кај клиентите кои доаѓаат на терапија. Нашата цел во терапевтскиот процес е да помогнеме во зголемувањето на нивната лична свесност и на тој начин да овозможиме можност за креативно прилагодување. Ја користиме нашата емпатија и вклученост за да стигнеме до клиентот, со цел да го препознаеме неговиот/нејзиниот начин на кој остварува контакт со средината, како и начинот на прекинување на процесот на контакт. Па така, дијагностичкиот процес го извршуваме – не во смисла на етикетирање на човековото суштество, туку како разбирање на суштината на страдањето во односите. 
Дијагностиката (потекнува од грчките зборови „dia “- „преку“ и „ gnosis“ – „знаење“) станува особено важна кај клиенти со варијабилитет на психопатолошки симптоми. Тоа се личности кај кои е изразена некоја нерамнотежа, честопати демонстрирана преку невообичаено однесување, чудни мисли кои имаат тенденција да го збунуваат терапевтот со нивниот непредвидлив одговор на вообичаените интервенции. 
Овој вебинар го посветиме на психопатологијата од гледна точка на Гешталт терапијата. Ќе се обидеме да научиме начини на согледување на симптомите на емоционалната и когнитивната нерамнотежа, како и начини на работа како гешталт терапевти со клиентите кои ги манифестираат прекинувањата на контактот преку одредени симптоми.

 

Вебинарот се состои од два дела.
ПРВ ДЕЛ: 27 февруари 2021, 10:00 -15:00 (времетраење од 4 часа)
Се занимава со општите прашања поврзани со дијагностиката, преглед на медицинскиот пристап кон дијагностиката и нашето човечко искуство.
• Норма и патологија во секојдневниот живот и во психотерапијата. Како се развива поимот за ментално здравје? Што сметаме дека е „нормално“? Кој ги одредува рамките за менталното здравје?
• Преглед на дијагностичкиот и статистички прирачник V (DSM-V). Како се појавуваат класификациите? Кои се предностите и недостатоците на класифицирањето? Комуникација помеѓу психологот/психотерапевтот и лекарот.
• Дијагностички процес во Гешталт терапијата и неговата разлика од психијатриската дијагностика. Што значи дијагностиката?
ВТОР ДЕЛ: датумот дополнително ќе се објави 
Ќе вклучува најмногу специфични прашања од Гешталт пристапот кон различните видови на искуство кај клиенти со психопатолошки симптоми.
• Три типа на искуство: невротично, психотично и гранично, и нивните основни карактеристики (контакт граница, динамика на Селфот, релацијата фигура/позадина).
• Главните типови на невротски процеси (шизоиден, депресивен, опсесивно-компулсивен, хистеричен, невротично анксиозен, психопатски, нарцисоиден, зависен).
• Свесноста за себе на терапевтите во работата со клиенти кои имаат психопатолошки симптоми.
 
ПРЕДАВАЧ:
СЕРГЕЈ КОНДУРОВ – Јас живеам и работам во Санкт-Петербург, Русија. Се школував како лекар и специјализирав психијатрија. Работам како Гешталт терапевт повеќе од 15 години. Јас сум член и супервизор на регистарот на ЕАГТ. Во 2008 година со мојата колешка Елена Петрова го сновавме Интегративен Гешталт тренинг институтот (Integrative Gestalt Training Institute) за да обезбедиме долгорочни програми за обука за Гешталт терапија, заедно со посебни програми и семинари главно поврзани со различни клинички апликации на Гешталт пристапот (депресија, трауматски искуства, OCD итн…). 
 
ОРГАНИЗАТОР:
ГЕШТАЛТ ИНСТИТУТ СИНЕРГИЈА – Европски акредитиран тренинг институт за Гешталт терапија.
 ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
Вебинарот ќе се одржи во два дела.
ПРВ ДЕЛ – 27 февруари 2021, 10:00 -14:00 (времетраење од 4 часа)
ВТОР ДЕЛ – датумот дополнително ќе се објави 
 
ЈАЗИК: Англиски
ЦЕНА: 2200 ден за првиот дел 
ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТАТА:
Назив и седиште на примачот: СИНЕРГИЈА ДООЕЛ, Орце Николов бр. 190-3/4, 1000 Скопје
Банка на примачот: Комерцијална банка, Скопје
Жиро с-ка: 300000003905353
Цел на дознака: учество на Вебинар
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ:
Вебинарот е наменет за едуканти во напредна фаза на Гешталт терапија, психотерапевти, психијатри. 
Сите учесници ќе добијат сертификат за учество.
ОДРЖУВАЊЕ:
Вебинарот ќе се одржи на ЗООМ платформата. Секој регистриран учесник со регулирана уплата ќе добие линк за следење и лозинка непосредно пред настанот. 
ПРИЈАВУВАЊЕ:
На е-пошта: [email protected],најдоцна до 24 февруари.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање на 070 393 902.
Се гледаме!

Истражување – Пристап до волонтирање

Центар за младински активизам Крик заедно со партнерите во проектот „Пристап до волонтирање“ спроведува истражување за учеството на млади лица со попреченост во волонтерски активности. Кликнете подоле на прашалникот кој се однесува на вас и пополнете го, со цел заедно да придонесеме кон зголемување на пристапот до волонтирање на младите лица со попреченост.

Целта на овој прашалник е да се научи од организациите кои тековно работат или во иднина планираат да работат со млади волонтери. Прашањата ги покриваат начините на кои вашата организација се ангажира и ги подджува волонтерите, односно вашите идеи и предлози.

*Бројот на лица од една организација кои го пополнуваат прашалникот е неограничен.

ПРАШАЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИИ

Целта на овој прашалник е да се слушнат искуствата на младите лица со попреченост, нивните идеи и приоритети кога станува збор за волонтирање. Ова значи дека најголем број на прашања се наменети специфично за млади лица со попреченост, но има неколку прашања на почетокот за секој кој ќе го започне прашалникот.

ПРАШАЛНИК ЗА МЛАДИ ЛИЦА

„Пристап до волонтирање“ е проект имплементиран со поддршка од Еразмус+ програмата на Европска Унија. Проектниот тим се состои од организациите Бенгаренг, Меѓународен сервис, ЦМА Крик и Офенсива, а се спроведува во Италија, Северна Македонија, Романија и Обединето Кралство.