Нов повик за ученици „Предизвик за млади истражувачи#4 – зелени проекти”

Министерството за образование и наука (МОН) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го објавија повикот “Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

Предизвикот се спроведува по четврти пат и е дел од концептот кој го развива ФИТР – “Фонд за млади умови”. Досега, преку трите објавени повици, биле поддржани 90 училишни проекти во кои учествувале повеќе од 500 ученици и наставници од Северна Македонија.

Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, кои можат да аплицираат со истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, организирани во тимови од пет до десет ученици предводени од еден до двајца ментори. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а резултатите од истражувачкиот проект треба да бидат применливи во зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот.

 „Учениците основци и средношколци, студентите, младите истражувачи и научници сега се навистина во фокусот на институционалните заложби и тоа е видливо, токму преку обезбедувањето на повеќе финансиски средства и бројни можности какви што порано не биле достапни, а една од нив, како мерка од стимулативен карактер е токму овој Предизвик за млади истражувачи“, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Вкупниот фонд за овој предизвик изнесува 3 милиони денари, а максималниот буџет за поединечен предлог проект треба да изнесува до 200.000 денари. За наставниците кои ќе ги водат ученичките тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема применлива во наставниот процес.

Предност ќе имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите, односно имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со попреченост, деца од различни возрасти и слично, и се поднесени од училишта од рурални средини.

Од МОН велат дека предлог проектите кои ќе пристигнат во рамки на повикот ќе се оценуваат според квалитетот, применливост на резултатите од истражувањето, усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик и капацитет на проектниот тим.

Со цел да ги поддржи тимовите во процесот на подготовка на предлог-проектите, Фондот ќе организира повеќе инфо-настани. Предизвикот е отворен до 20.04.2021 година. Сите дополнителни информации, можат да се добијат на следниов ЛИНК.

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Врз основа на член 31 и 32 од Статутот, Сојузот за младинска работа (СМР) распишува Конкурс за избор на проектен координатор. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР: [email protected], најдоцна до 31 март, 23:59 часот со назнака: Пријава за проектен координатор.

Целосниот повик симнете го тука.

Конкурс на тема: „Развивање и поттикнување на еколошки навики“

📢 Средношколската заедница од нашето училиште објавува конкурс за најкреативен цртеж/фотографија/расказ по повод Светскиот ден на екологијата на тема:
„Развивање и поттикнување на еколошки навики“
🌍🌱
🗓 Конкурсот трае од 16-ти до 21-ви март.
✉ Творбите се испраќаат на:

Рецитирај Онлајн заедно со ГРИТ!

Покана за ОНЛАЈН рецитација во чест на меѓународниот ден на поезијата
🗓КОГА? 21.3.2021 год. (недела);
⏰ВО КОЛКУ? 20:00 ч.;
❓КАДЕ? На ,,ZOOM”;
🔜Пријавување? Во ,,инбокс” на организацијата ГРИТ📩📩📩.

Млади креативци, ученици, студенти, литерати 🙂
Ајде заедно да го одбележиме денот!
На ова заедничко дружење, ќе се запознаеме и ќе ви ја претставиме младинската организација ГРИТ! Ќе читаме своја, авторска поезија, но исто така и стихови од најпознатите македонски автори.
Добредојдени се сите креативци, кои го сакаат убавиот, пишан збор! 👍👍👍
Имаме подготвено интересна програма и за следни активности, кои сакаме да ги реазлизираме и споделиме со вас. Значајна е вашата поддршка и учество. Ајде да рецитираме на македонски јазик!
Побрзајте, ве очекуваме! 🙂💯
П.С. Доколку не се чувствувате удобно да ни прочитате нешто ваше, а сепак сакате да споделите своја творба, ние сме тука за вас! Испратете ни во инбокс и некој од нашиот тим ќе прочита.
📌Носител на проектот:
ГРИТ- Пробиштип

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ТРИ

Нашиот тим има потреба од нов креативен член, посветен на дизајнот, и колега со кого ќе можеме да разменуваме идеи.

Потребни квалификации и вештини
– Задолжително работно искуство од минимум 2 години на позиција графички дизајнер
– ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Факултет за ликовни уметности
– Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator
– Одлично познавање на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм)
– Одлични аналитички и комуникациски вештини
– Креативност
– Око за детали
– Флексибилност
– Почитување на крајни рокови
– Организираност.

Секоја дополнителна квалификација ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место:
– Графички дизајн и подготовка на корици на книги
– Дизајн и подготовка на маркетинг-материјали
– Подготовка на припреми за печатење
– Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции
– Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели.

Што нудиме?
– Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот
– Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
– Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Сите заинтересирани кандидати својата кратка биографија и портфолио треба да ги достават на [email protected], најдоцна до 25 март 2021.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат сите критериуми.