Повик за ангажирање на експерт/ка за креирање на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација на државните универзитети

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, отвора повик за ангажирање на 1 (еден/на) експерт/ка за подготовка на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Избраниот кандидат, односно кандидатка, ќе треба да подготви методологија за истражување, како и да го спроведе истражувањето за студентската перцепција за дискриминација при универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Државниот универзитет во Тетово, „Св. Климент Охридски“ – Битола и „Гоце Делчев“ – Штип. Селектираниот кандидат/кандидатка треба да изработи 1) анкетен прашалник за студенти и 2) сценарио за фокус-групи со студенти 3) анализа на податоците од прашалникот и фокус-групите и 4) анализа на релевантните акти поврзани со санкционирање на дискриминацијата при универзитетите.

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација за ангажманот на електронската адреса [email protected] и [email protected] не подоцна од 07.04.2021 година (среда) 18:00 часот со наслов: Пријава за експерт за методологија и спроведување на истражување на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Во пријавата кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

1. Лична биографија (CV) на македонски јазик;
2. Пополнета апликација (Апликација за подготовка на методологија и спроведување на истражување);
3. Финансиска понуда.

Експертот/експертката ќе биде ангажиран/а во периодот април-август 2021 година.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја симнат апликацијата за аплицирање тука, и истата да ја приложат со потребните документи.

За дополнителни информации или прашања слободно обратете се на електронската адреса [email protected]

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Младите и Ковид-19: последици, потреби и предизвици

Почитувани,
Оваа анкета е наменета за млади. Доколку имате од 15 до 29 години, Ве молиме да ги одговорите овие прашања кои се однесуваат на предизвиците и потребите кои пандемијата им ги наметна на младите во Македонија.
Анкетата е анонимна, а има цел да ги вклучи младите без оглед на пол, образование, работен и брачен статус, етничка припадност и сексуална ориентација.
Вашите одговори ни се многу значајни затоа што ќе бидат дел од нашата студија, која ќе ја објавиме во јули 2021 година.

Ви благодариме,
Наташа, Александра, Николина и Јосипа
Здружение ДИЈАЛОГ – ЦДД од Прилеп
[email protected]

Препорака:
Доколку ја одговарате оваа анкета преку Вашиот телефон, употребувајте го во хоризонтална положба, за подобра прегледност на одговорите.
Прашалникот најдете го тука.

Креативен конкурс „Што ме движи кога сѐ стои?

Биди креативен. Освоj лаптоп.

Europe House и Гимназија Алгоритам за првпат организираат креативен конкурс за сите ученици од основните и средните училишта во нашата земја.

Целиот проект е поддржан од Делегација на Европска Унија.

На конкурсот ќе се доделуваат вредни награди, меѓу кои и лаптоп за првото место. Темата на конкурсот е „Што ме движи кога сè стои?“.  Учесниците ќе се натпреваруваат во три категории според возраста.

Europe House и Гимназија Алгоритам

распишуваат

НАГРАДЕН КОНКУРС

за изработка на креативно дело во следните области:

  • Филм
  • Литература
  • Дигитална илустрација

 

Правила за пријавување:

  1. Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта во Република Северна Македонија и тоа во три категории:
  • Ученици од I до V одделение
  • Ученици од VI до IX одделение
  • Ученици од I до IV година
  1. Темата на конкурсот е „Што ме движи кога сè стои?“;

Крeaтивното дело треба да биде одраз на европските вредностиинклузија, толеранција, правда, солидарност и недискриминација. Европските вредности ги заштитуваат човечкото достоинство, демократијата, еднаквоста, правдата и човечките права.

  1. Изработеното дело може да има еден (1) автор;
  2. Секој автор може да учествува во една или повеќе области со по едно (1) дело.
  3. Делатa треба  да  бидат  оригинални, да  не  ги  прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција;

 

ФИЛМ

  1. Филмовите можат да бидат снимени со видеокамера, мобилен телефон или фотоапарат;
  2. Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.
  3. Филмовите треба да бидат прикачени на платформата YouTube. До нас само го доставувате линкот.

 

ЛИТЕРАТУРА

  1. Поетската творба треба да содржи најмалку 16, а најмногу 30 стиха; да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
  2. Есејот треба да содржи најмалку 2 а најмногу 4 страници; да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

 

ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА

  1. Дигиталната илустрација може да биде изработена во која било апликација за дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација).
  2. Делото може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст.
  3. Треба да се наведе во која програма е направена илустрацијата, да се испрати крајната верзија во PDF формат и работниот документ ( формат .psd, .ai итн.)

 

Краен рок:

25 април 2021

По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела од секоја категорија според возраста ќе бидат наградени од жири-комисија со лаптопи и други награди. Членови на стручното жири ќе бидат претставници од Europe House, Скопје, како и професори од Гимназија Алгоритам.

Селектираните дела ќе бидат јавно објавени и секој од нив ќе има можност да се натпреварува за посебната награда од публика.

Точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.

 Изработеното дело да се достави на меил адресата [email protected] , заедно со следните податоци:

  • Наслов на делото
  • Име и презиме на авторот
  • Адреса
  • Контакт телефонски број
  • Училиште
  • Возраст/одделение
  • Име и презиме на менторот
  • Контакт од менторот

 

Директор на Гимназија Алгоритам:

Марина Божинова

Број за контакт:  075/330-531

[email protected]

 

Одговорен професор:

Павлина Бучевска

Број за контакт:  076/339-428

[email protected]

За дополнителни известување, меѓу кои и гласањето од публика следете ја Facebook страницата Gimnazija Algoritam, како и Instagram профилот gimnazijaalgoritam