Повик за пријавување на учесници на „Младинската квир училница 2021 – пролетно издание“

ЛГБТИ Центарот за поддршка ве повикува за пријавување на „Младинската квир училница 2021 – пролетна едиција“ која ќе се оддржи во периодот од 11 до 14 мај. Поради рестрикциите во однос на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 работилницата ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM.

На „Младинска Квир Училница 2020” ќе можат да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години. Целта на училницата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво и национално ниво. Покрај наставните содржини ќе имате можност да учите преку разни вежби и креативни активности. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на училницата.

За учество во школата нема да е потребен било каков надомест од страна на учесниците. За учество во школата ви е потребен само компјутер и стабилен интернет приклучок. Работилницата ќе се одвива во наведените датуми во попладневните часови (после 17 часот). Работилницата ќе биде на македонски јазик.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик.

Повикот ќе биде отворен за пријавување до 07.05.2021 година, а можете да се пријавите со пополнување на пријавата на следниов линк.

Вашите прашања во врска со работилницата испратете ги на е-маил: [email protected], со наслов (Subject) „Младинска Квир Училница 2021 – пролетно издание“.

„Младинската квир училница 2021 – пролетно издание“ е дел од проектот Млади артивисти за промена (МАП), кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.