Здружението LEAD отвора повик за средни училишта за процес за изработка на Развоен план. Преку овој повик ќе биде избрано едно средно училиште на кое без надомест LEAD ќе помогне во изработката на Развојниот план.
Што ќе добие училиштето со изработката на темелен Развоен план?
Изработката на развојниот план е сеопфатен процес во кој преку учество на раководството, наставниот кадар и учениците, самото училиште ќе ги идентификува точките за подобрување и преку нив ќе изготви соодветни цели во наредни 3 до 5 години. Поконкретно училиштето ќе ги закајне следните области:
Што ќе опфати и како ќе се одвива процесот на изработка на Развојниот план?
Целиот процес опфаќа 3 фази, чие вкупно времетраење ќе биде не повеќе од 3 месеци, односно 1 месец за секоја фаза:
Во суштина, целта е развојниот план да биде изготвен во партиципативен процес во кој учествуваат сите засегнати страни во училиштето (раководство, наставници, ученици и по можност родители).
Каква ќе биде улогата на LEAD во целиот процес?
Тимот на LEAD ќе биде задолжен за водење и фасилитирање на целиот процес. Тоа подразбира:
Самото пишување на планот ќе биде задача на училиштето, врз база на сработеното од сите 3 фази. На тој начин училиштето ќе развие капацитети да подготви сопствен развоен план во иднина без ничија помош.
Аплицирање и начин на селекција
Аплицирањето за повикот се врши со пополнување на апликациска форма на следниот ЛИНК. Рокот за аплицирање е до 20.05.2021 година.
Повикот е компетитивен, односно 1 училиште ќе биде избрано на база на следните критериуми:
1. Мотивација за учество во ваков процес (10 поени)
2. Степен на јасно идентификувани области за подобрување (10 поени)
3. Степен на учество на раководство, наставен кадар и ученици во целиот процес (10 поени).