Шанса за улога во филм

За главните и споредни улоги во краткиот игран филм „Траги“ во режија на Лидија Мојсовска бараме:
Машки деца на возраст од 8- 11 год.
Женски деца на возраст од 9-12 год.
Жени на возраст над 55 год.
Заинтересираните треба да испратат свежа портретна фотогафија (само лице) и видео со кратко претставување (име, презиме, возраст, место на живеење и контакт број на родител) на [email protected] најдоцна до
20 мај 2021.
Филмот ќе се снима на Охридското крајбрежје во текот на месец август 2021 а предност ќе имаат кандидат(к)и од регионот на Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар

Лансирање на платформа за психолошка поддршка

Со оглед на стресната ситуација предизвикана од КОВИД-19 во која веќе подолго време се наоѓаме МСУ одлучи овој период да биде со вас и да ви подаде рака.
Платформата за психолошка поддршка ќе биде отворена на 8-ми мај (сабота), во 20:00 часот.
Дел од платформата се и серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.
По повод лансирањето на платформата ќе имаме и вебинар на тема „Слободната игра како еден од најважните фактори за здрав детски развој“ со доц. д-р Ана Чучкова .
„Секој што ги разбира реакциите на децата, има револуционерен начин на размислување“ – Франсоа Долто
Ќе разговараме за:
• Што значи слободна игра?
• Кои се придобивките за детето со слободната игра?
• Симболите во детската слободна игра
Вебинарот е наменет за родители, наставници, едукатори на деца, психолози, студенти.

Јавна дискусија по повод измени во Законот за субвенциониран студентски оброк

Законот за субвенциониран студентски оброк кој стапува на сила на 15ти септември оваа година, има потреба од измени и приспособување кон моменталната состојба.
Универзитетското студентско собрание на УКИМ ги повикува сите студенти, подмладоци на политичките партии, Министерството за образование и наука, младински организации и организации за млади, средношколците и сите останати кои се засегнати од овој закон да се вклучат на 6ти мај(четврток) на јавната дискусија на платформата zoom и да го дадат своето мислење во врска со потенцијалните измени на законот.
Линк до состанокот: https://us02web.zoom.us/j/89159499761

Отворен повик за учество во онлајн Хакатон за отворени податоци

ШТО Е ХАКАТОН ЗА ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ?

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за првпат организира онлајн Хакатон за отворени податоци. Oвој четири дневен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни решенија со кои треба да ги доближат отворените податоци објавени од државните институции до граѓаните.

 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

На настанот може да се пријават суденти и стартап компании* како тимови кои имаат пасија да работат со обработка и прикажување на отворени податоци од различни области. Потребно е секој тим да биде составен од членови кои имаат познавања во развој на веб и/или мобилни апликации, графички дизајн и UX, економија, бизнис и маркетинг. Тимовите треба да имаат минимум тројца членови и еден тим лидер.

*Стартап компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сѐ уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза

 

КОГА И КАДЕ СЕ СЛУЧУВА?

Хакатонот за отворени податоци ќе се одржи од 17 до 20 мај 2021 година, а ќе се случува онлајн. Пријавувањето на тимовите ќе трае до 14-ти мај, 2021 година, 16:00 часот. Регистрацијата е на [следниот линк], а формуларот во име на тимот го пополнува тим лидерот.

Пријавените учесници ќе имаат можност да се запознаат со деталите и концептот на предизвикот на 17-ти мај, 2021 година на самиот почеток на хакатонот. Ветуваме дека нема да има големи изненадувања.

Работен јазик на Хакатонот е македонски.

 

НАГРАДА?

Најдобро пласираниот тим според гласањето на жирито составено од пет членови ќе добие 3 000 долари со кои треба своето демо решение да го надгради во функционална апликација со која несомнено ќе може да се пофалат во своето портфолио.

 

Доколку имате дополнителни прашања или нејаснотии пишете на [email protected]

 

Ајде да зборуваме за…

Сите ние понекогаш имаме потреба да ги споделиме со некого нашите предизвици, стравови и недоумици, особено во процесот при барање работа. Во рамки на проектот  Зајакнување на младите преку нови можности младите имаат можност да разговараат со психолог. Средбите со психолог можат да бидат индивидуални или во група со други млади. Гупните средби се особено популарни бидејќи нели добрите нешта се зголемуваат кога ќе се поделат, а споделените предизвици и грижи се намалуваат. Особено кога ќе увидиш дека не си сам, и дека слични мисли и грижи имаат и многу твои врсници.
Доколку си младо, невработено лице и сакаш да се вклучиш побарај нѐ на 071 370 150 или преку ДМ на @sosyeep