Повик за пријавување на учесници за серија предавања на тема „Културата како алатка за социјални промени“

ЛГБТИ Центарот за поддршка ве повикува да се пријавите за серија предавања на тема „Културата како алатка за социјални промени“. За да може да вклучиме повеќе луѓе, а сепак групите на учесници да не бидат многу големи, за следење на тренингот имате можност да изберете помеѓу два термини. Првиот термин е од 17 до 21 мај, а вториот од 24 до 28 мај 2021 година. Поради  превентивните мерки за заштита од Ковид-19, тренинзите ќе се одржуваат онлајн на платформата ZOOM.

На предавањата може да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години. Целта на предавањата е да се зголемат знаењата на младите во областа на артивизмот, зошто уметноста е една од најбезбедните и најмоќните алатки за социјални промени. Ќе се запознаете со артизмот во повеќе дисциплини, како што се филмот, театарот, ликовните уметности, раскажувањето на приказни и слично. Предавањата ќе ги водат реномирани предавачи/уметници, кои во својата работа се фокусирани на социјално ангажираната уметност. Покрај предавањата, ќе имате можност да учите и преку разни вежби и креативни активности.

За учество во школата нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците. Потребен ви е само компјутер и стабилен интернет приклучок. Работилницата ќе се одвива во наведените датуми, во попладневните часови (после 17 часот), а вие треба да изберете само во кој термин ќе го следите треинингот. Тренинзите ќе бидат на македонски јазик. Од учесниците се очекува во целост да ги проследат сите пет дена од предавањата.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години, без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или која било друга основа, да се пријават на овој повик.

Повикот е отворен за пријавување до 14.05.2021 година, а можете да се пријавите со пополнување на пријавата на следниот линк.

Вашите прашања во врска со работилницата испратете ги на е-маил: [email protected], со наслов (Subject): Предавања на тема „Културата како алатка за социјални промени“.

 

Предавањата на тема „Културата како алатка за социјални промени“ е дел од проектот Млади артивисти за промена (МАП), кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Повик за учество на ментори за стратешко планирање и финансиска одржливост на граѓански организации

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме повик за учество на ментори за стратешко планирање и финансиска одржливост на граѓанските организации.

Менторот за стратешко планирање и менторот за финансиска одржливост потребно е да реализираат вебинари не подолги од 4 часа.

Повеќе информации за менторот за стратешко планирање најдете тука.
Повеќе информации за менторот за финансиска одржливост најдете тука.

Целосниот повик најдете го тука.
Сите потребни документи за аплицирање најдете ги тука.

На повикот може да се пријават правни и физички лица најдоцна до 17.05.2021 година, на [email protected], со наслов „Апликација за ментор – име и презиме.