ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР „ВРЗЕТЕ СЕ, ЌЕ ЉУБИМЕ!„ – ПОЛИТИКИ НА ЉУБОВТА СО ПРОФ. ЈЕЛИСАВЕТА БЛАГОЈЕВИЌ

КОАЛИЦИЈАТА МАРГИНИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ЛГБТИ ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДДРШКА ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР СО ПРОФ. ЈЕЛИСАВЕТА БЛАГОЈЕВИЌ: „ВРЗЕТЕ СЕ, ЌЕ ЉУБИМЕ!„ – ПОЛИТИКИ НА ЉУБОВТА

 

Во рамки на овој семинар ќе се анализираат концептите на љубов и љубомора, како концепти кои ги поврзуваат структурите на субјектот и сингуларноста преку фигурата на Другиот, и политичките импликации и истории на овие концепти. Концептите на љубов и љубомора ќе се анализираат со цел да се истражат начините на коишто се конституира западниот, самопоседувачки, авторефлексивен, и самоафектирачки субјект. Кога ќе ја поврземе љубовта со љубомората, и љубомората со љубовта, треба да бидеме свесни дека постои постојан стремеж, дури и желба, да се „спаси„ љубовта од љубомора. Уште повеќе, дека поимот за љубомора има негативни конотации: дека љубомората е нешто што може да го повреди другиот/та; дека љубомората е нешто од коешто треба да се срамиме (можеби, да се биде агресивна); дека од љубомората треба да се плашиме (можеби, да биде исклучена); и, дека поради љубомората може да страдаме бидувајќи субјекти, бидувајќи потчинети, на извесен тип афекција која што се смета за „луда„, но не било кој вид на лудило, туку лудилото коешто е во исто време лудило и баналност. Бидувањето како и сите. Битствувањето како заедничко битствување.

Поаѓајќи од претпоставката на Фуко дека субјектот е локус на регулација и дисциплина во рамките на биополитичкиот диспозитив на моќта, деконструкцијата на субјектот, и трагата и неможноста за познавање и допирање на другиот што ја внесува љубовта во срцето на субјектот, ќе се разгледа како можност за ревидирање на етиката и односот кон другиот, како и трансформација на политичките основи на субјектот.

Семинарот ќе се одржи во рамки на Викендот на гордоста Скопје 2021, чијашто тема е „Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти“, на 07 јуни, и ќе трае 3 часа. Учесниците ќе треба да прочитаат и заеднички да дискутираат и анализираат неколку клучни текстови кои ќе им бидат доставени од професорката Благојевиќ.

 

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Заинтересираните лица треба да достават кратко мотивационо писмо за учество на Семинарот (максимум 2 параграфа) и CV на е-пошта: [email protected], најдоцна до 30.05.2021.

За резултатите од изборот апликантите ќе бидат информирани најдоцна до 01.06.2021.

Предност во селекцијата на учесниците во семинарот ќе имаат лицата студенти на или апликанти со завршени студии во областа на хуманистичките и социјални науки. Бројот на учесници е ограничен на максимум 10 лица.

Семинарот и Викендот на гордоста Скопје се поддржани од Фондацијата Хајнрик Бел, ФООМ, Амбасадата на САД, Амбасадата на Кралството Холандија, ЕУ,  Министерство за култура на РСМ, и Град Скопје, а имплементирани од страна на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, во партнерство со Музејот на современа уметност и КЦП Јадро. Медиумски поддржувач на фестивалот е ПОРТРЕТ.

Јелисавета Благојевиќ е професорка на Факултетот за медиуми и комуникации на Универзитетот Сингидунум, и е на позицијата деканка за академска соработка од 2006 година. Таа работела и на Женските Студии во Белград и Истражувачкиот центар за род како координаторка и предавачка од 2001 година. Од 2003 година е визитинг професорка на програмата за род и политика на Факултетот за политички науки при Белградскиот Универзитет. Таа предавала како визитинг професорка на различни универзитети низ Југо-источна Европа. Директорка е на IPAK.Center – Центар з аистражувања на идентитети, политики, и култури, како и на интернационалната Summer School for Sexualities, Cultures and Politics. Благојевиќ има објавено три книги- Politics of the Unthinkable: Introduction into Anti-Fascistic life, FMK, Belgrade, September, 2014, Hieroglyphs of Jealousy, Research Center in Gender Studies, Euro-Balkan Institute Skopje, 2008, Zajednica onih koji nemaju zajednicu (Community Without Community), FMK, Belgrade, 2008, како и текстови и поглавја во повеќе зборници. Нејзиниот истражувачки интерес ја вклучува современата (политичка) филозофија, студиите на медиуми, квир студиите и родовите студии. Таа е родена и живее во Белград.

 

Како до (по)безбедни училишни средини?

Конференција: Како до (по)безбедни училишни средини?
Врсничкото насилство е еден од поголемите предизвици со кои се соочува образовниот систем во нашата земја, а оваа појава во последните години зазема сè поголеми размери. Покрај постоењето на права, средства и облици за заштита на децата, средношоколците сепак се соочуваат со разновидни облици на насилство.
Но што можеме да направиме за да ја искорениме оваа појава? На кој начин можеме да ги заштитиме средношколците од насилство? Како можеме да креираме училишни средини кои се безбедни за учениците?
Ве покануваме да земете учество на конференцијата „Како до (по)безбедни училишни средини“, настан реализиран во рамки на проектот „Не! Насилство“, имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во соработка со 10 средни училишта од Скопје, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Севрна Македонија.
Конференцијата ќе се одржи на 28.05.2021 година, со почеток од 11 часот во Ragusa360 – Rooftop.
Сите заинтересирани за учество на конференцијата можат да го најават своето учество со пополнување на следнава форма за пријавување: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdu9vDqBuKPve…/viewform
Преку учество на конференцијата ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот, вклучувајќи го и изработениот протокол за справување со врсничко насилство, наменет за средните училишта, кој содржи пристапи, механизми и алатки за превенција и справување со врсничко насилство. Дополнително, во рамки на панел дискусијата која ќе се спроведе во рамки на конференцијата, ќе имате можност да чуете што прават надлежните за гарантирање на безбедна училишна средина и што е потребно да се преземе дополнително во оваа насока.
Поради моменталните мерки и протоколи за превенција и справување со состојбата предизвикана од вирусот КОВИД-19, бројот на учесници ќе биде ограничен, по принципот прв пријавен- прв услужен. Сите пријавени кои ќе имаат можност да учествуваат на конференцијата, ќе добијат меил за потврда на нивното учество.
Агенда за настанот: 
11.00- Регистрација на учесниците
11. 20- Поздравни обраќања и претставување на проектот „Не! Насилство“
11.25- Презентација на протоколот за спречување на врсничко насилство во средните училишта
11.40- Прашања од присутните и дискусија
11.50- Панел дискусија: Како до безбедни училишни средини?
12.20- Прашања од присутните и дискусија
13.00- Коктел и вмрежување

Работилници за идеи за социјални бизниси

АРНО во соработка со Јунус центарот за социјални бизниси на Економски факултет – Скопје при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, објавува повик за 20 студенти за  учество на 3 работилници за развој на идеи за социјални бизниси. Условот за учество е да се присуствува на сите 3 работилници (А, Б, В). Работилниците ќе се одвиваат онлајн на платформата ZOOM.
Работен јазик: македонски

Работилница А: 01-ви јуни, 17-19ч
Работилница Б: 02-ри јуни, 17-20ч
Работилница В: 03-ти јуни, 17-20ч

Формуларот за пријави е отворен, пишете ни ја искрено вашата мотивација. Пријавувањето е отворено до 27-ми мај, до 14 часот.Избраните учесници ќе бидат известени на 29-ти мај, најдоцна до 14 часот.

АРНО е национален инкубатор кој во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises) спроведува програма која им овозможува  на младите луѓе да развијат идеи за социјални бизниси.  Младите претприемачи имаат можност да учат, растат и развиваат свои бизнис идеи преку работилници, програми за мобилност и финансиска поддршка, во исто време помагајќи им на локалните заедници да ги решаваат проблемите.

Овие работилници се наменски и се спроведуваат со цел да ги подготват младите кои сакаат да аплицираат на следниот повик за учество во RISE програмата (август/септември 2021, дополнително ќе се потврди).

На првата работилницата Ирина и Ивона од АРНО ќе дадат вовед во темата, ексклузивно претставување на програмата, апликацијата, искуствата, и други backstage информации за проектот.
Втората работилница ја води проф. д-р Стојан Дебарлиев Економски Факултет – Скопје, раководител на Јунус центар за социјални бизниси и е фокусирана на пронаоѓање на решение за проблем, работа во тимови, разработка на идеи, бизнис моделирање.
Третата работилница е посветена на доработка на идеи преку креативен процес, design thinking методологија со мастер креативецот Никола Војнов.

Често поставувани прашања:
– Дали може да дојдам само на 2-та и 3-та работилница?
Не, работилниците се осмислени да ги покријат сите чекори од апликацијата и се логично поставени.

-Дали мора да сум студент на УКИМ, дали е важно од која година и од кој факултет?
Да, ова е партнерство на АРНО и Јунус центарот за социјални бизниси, и во име на нашата прва соработка сакаме да пружиме шанса на студентите, за другите млади кои се заинтересирани ќе отворивме дополнителна пријава за покажување интерес. И не, не е битно од кој факултет која година, важно е да си студент на УКИМ.

– Дали треба да имам некаква идеја?
Не, само желба да размислиш, да бидеш проактивен/а, да работиш во група,  и да присуствуваш на 3-те работилници.

RISE има за цел да го збогати екосистемот на социјално претприемништво на Западен Балкан и да им овозможи на младите луѓе да развијат иновативни општествени решенија, со што ќе придонесат за помирување и соработка во регионот.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција заразвој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).Повеќе информации за проектот: https://www.risewb.org/

ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ МЛАДИНСКИ ЛОКАЛНИ БАНКИ

Мислиш дека треба да се направи промена во твојата општина?

Не знаеш како да ја направиш промената која сакаш да ја видиш?

Потребна ти е поддршка?

Тука е одборот на Младинските Локални Банки!

ДА ДА, добро прочита. Младите од одборот се тука да помогнат, за ТИ да можеш да ги реализираш промените во твојата општина. Младите кои досега се дел од младинските банки поминаа низ три модули, преку кои се стекнаа со вештини и алатки за да можат да дадат максимална поддршка на проектите. Тие детектираа предизвици во рамки на секоја општина засебно, пристапија кон воспоставување на комуникација со локалните власти, а следниот чекор е ти да смислиш проект и да аплицираш.

Младите можат со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија, во соработка со општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров ја спроведува програмата Младински локални банки. Главна цел на програмата е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.

Веруваме дека ова изгледа предизвикувачки за млада личност како тебе. Ако си жител на општина АеродромКарпош или Ѓорче Петров, ние те охрабруваме да го превземеш првиот чекор кон промената во твојата општина.

Повеќе информации за програмата и начинот на аплицирање, можеш да прочиташ на следниот линк.