Повик за учесници во Еразмус+ младинска размена

Здружение Центар за истражувања и анализи НОВУС Струмица објавува јавен повик за 6 млади кои сакаат да учествуваат во Еразмус+ младинска размена во Бугарија.
Младинската размена ќе се одржи во периодот од 27 јуни до 5 јули 2021 година во Гудевица Бугарија. Право на учество имаат млади од 16-28 години и е на тема култура и културно наследство.

Повеќе информации за самата младинска размена како и други детали како и пријавата за учество можат да ја најдат на следниот линк. Повикот за учесници е отворен до 01.06.2021 година до 12:00 часот.

За дополнителни прашања во врска со овој проект конктактирајте не на [email protected] со subject line E-heritage Erasmus+.
Кандидатите кои ќе бидат избрани во потесна селекција ќе бидат известени по мејл.