„Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“ – 22-25 јуни 2021

„Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“ – 22-25 јуни 2021
Настанот претставува одлична можност да се обезбедат информации за можностите за финансирање, достапните услуги и условите за започнување и водење бизнис.
Затоа доколку сте старт ап бизнис, мало или средно претпријатие или пак планирате да започнете бизнис регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/…/reg…/WN_XJYpMtctTPirv8n0JyeB4g
или на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 21.06.2021 година.
Целта на настанот е да ги потенцира можностите и условите за отпочнување сопствен бизнис, финансиските можности за малите и средни претпријатија (МСПа), да овозможи дискусија за проблемите на старт – ап компаниите но и МСПа, но истовремено и да претставува можност да се слушнат успешните приказни од веќе постоечките старт-ап компании и МСПа.

Настанот го организира Центар за климатски промени и GS1 Македонија во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit), финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија 2014-2020.

Утре, 25.06.2021, гостин на последниот ден од „Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“ – 22-25 јуни 2021 е Ирина Јаневска од ARNO.
Не заборавајте да се вклучите навреме!

ПС – Психолошко советувалиште

Што е ПС?
ПС е психолошко советувалиште во кое група на психотерапевти и системски и семејни советници, нудат поддршка за сите вас кои сакате и имате потреба од поддршка за справување со секојдневните проблеми и предизвици со кои е обременето вашето фукционирање како поединци, парови, семејства и други системи во општеството.

Ако сакате да закажете разговор со нивните терапевти и советници, контактирајте ги низ порака на нивната Фејсбук страница или на [email protected]

Можности за надминување на стигматизацијата и исклученост на ранливи групи на млади

forumZFD во соработка со Факултетот за безбедност, ги поканува сите млади лица на возраст од 18 – 20 години, да учествуваат на кратки онлајн часови со професори од Факултетот за безбедност (проф. д-р Саше Герасимоски и вон. проф. д-р Весна Трајковска) посветени на: 

1. Препознавање на потенцијално конфликтна ситуација. 
Линк за пријавување: https://forms.gle/XM7AFRqK1ppnQdWK8 

2. Разгледување на можности за надминување на стигматизацијата и исклученост на ранливи групи на млади… 
Линк за пријавување https://forms.gle/6dLxmMtwbiGSBnZR9 

Рок за пријавување за двата часа е петок 25 јуни 16:00. 
Секој од часовите би траел по 45 мин и би се одржал на 30 јуни.
Времето на одржување и линк за учество ќе бидат дополнителни испратени на пријавените.