„МладиХАБ –градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите”

„МладиХАБ –градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите”

Драги млади,

проектот „МладиХаб“ уште една година активно ќе продолжи да придонесува и да го поддржува личниот, професионалниот и социјалниот развој на младите.
🌟Додека „МладиХАБ-Дигитална младина“ имаше за цел да ги унапреди дигиталните вештини кај младите, „МладиХАБ –градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” ќе има цел да поддржи практична примена на вештините преку нудење можности за:
👉поврзување со работодавци од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор
👉практиканство
👉туторство
👉менторство и многу други

👥За да се дојде поблиску до младите од целата држава, покрај хабот во Скопје, предвидено е отворање на хабови и во Штип, Битола и Тетово. Во овие хабови, младите ќе можат да се информираат за различни можности, активности, програми за поддршка на нивниот кариерен развој, да ги развиваат своите идеи, да се поврзат меѓусебе и да ги градат своите капацитети.

Следете ги МладиХаб на нивната веб и Фејсбук страница, следуваат многу интересни активности.

 

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМА „СОЦИЈАЛНА ПРАВДА“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија е партнер на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува „Фондацијата Отворено општество – Македонија“. Проектот има за цел да обезбеди стипендии за вклучување што поголем број деца Роми во основното образование и да обезбеди поддршка на училиштата да создадат инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат.

Во рамките на проектот предвидена е обука за наставниците од основните училишта на тема Социјална правда со цел наставниците од основните училишта да се запознаат со основите на социјалната правда и да преземат конкретни чекори за надминување на препреките со кои се соочуваат децата од ранливите групи.

За таа цел, Фондацијата „Чекор по чекор“ распишува повик за обучувачи кои имаат искуство во држење обуки за Социјална правда.

Главни задачи на обучувачите ќе бидат:

  • Подготвување агенда за четири дневна обука како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање на обуката;
  • Доставување целосна документација по спроведената обука до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учесниците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Обуката ќе се спроведува во четири различни групи со по 20-25 учесници и ќе трае по 4 дена за секоја група.

Временска рамка: 16 август, 2021 – 31 август, 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во педагогија /образовни науки, дефектологија, психијатрија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност. Кандидатите ќе треба да достават своја ажурирана биографија од која може да се види дека имаат соодветни компетенции и искуство:
  • Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.
  • Искуство во спроведување обуки со наставници од основни училишта.
  • Искуство во осмислување на обуки за наставници во полето на социјална правда.

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: [email protected] .

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.07.2021 до 12 часот.

ПОВИК ЗА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР ЗА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА НА ИЗБОРНИТЕ РЕФОРМИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМ отвора повик за проектен координатор.

 

I Основни податоци за проектот:

Главна цел: Демократските и кредибилните изборни процеси го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите да изберат свои претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.

Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.

Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирани кон граѓаните.

Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани

Донатор на проектот: Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ

Имплементатори на проектот: Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ

Корисници на проектот: Изборната администрација, владините агенции/институции, политичките партии, организациите на граѓанското општество, гласачите/граѓаните.

 

II ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ за позицијата: Проектен координатор

Проектниот координатор ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.

 

Клучните обврски ќе вклучуваат:

  • Координирање на активностите поврзани со програмата за градење на капацитетите на Академијата за јавна политика;
  • Надзор и поддршка на Координаторот за грантови во спроведувањето на грант-шемата наменета за мобилизаторите на заедницата, како и политичките подмладоци;
  • Обезбедување поддршка на канцеларијата на ИФЕС во земјата во спроведувањето на Студиската посета на политичките подмладоци преку придонес за избор на кандидати и дефинирање на најдобрата практика за Студиската посета;
  • Обезбедување поддршка на експертот за информирање на локалните заедници при имплементација, следење и проценка на резултатите од јавните расправи;
  • Координација и организацијата на јавни расправи;
  • Обезбедување поддршка и координација на работата на локалните експерти одговорни за дизајнирање и спроведување на програма за градење на капацитети за мобилизатори во заедницата;
  • Обезбедување поддршка на експертот за координирање на менторите и осигурување на редовно ажурирање на мониторинг матрицата;
  • Координирање на работата на Локалните експерти одговорни за развој на мониторинг матрицата, а во врска со ветувањата на владата на централно и локално ниво;
  • Организација на настани посветени на презентација на резултатите од мониторингот на централно и локално ниво;
  • Координација на работата на компанијата одговорна за обука на мобилизаторите во заедницата за видео продукција и мониторинг;
  • Прегледување и одобрување на сите испораки и извештаи што треба да се достават до канцеларијата IFES и осигурување дека квалитетот на испораките и извештаите доставени до IFES се во согласност со релевантните упатства, TOR и стандарди за квалитет;
  • Обезбедување на точно и навремено доставување на редовни извештаи за напредок на активност и финансиски извештаи;
  • Следење и контрола на средствата на проектот, одобрување исплати на проектот според договорениот план за работа.

Квалификации:

  • Завршено високо образование
  • 5 години работно искуство во координација и управување со комплексна работа на проекти;
  • Познавање во областа на мобилизацијата на заедницата и сеопфатно разбирање на шемите за управување со грантови;
  • Искуство во имплементација на проекти финансирани од програми за Меѓународна поддршка и развој;
  • Искуство во регрутирање, управување, водење и мотивирање на членови на персоналот и експерти;
  • Искуство во пишување извештаи, следење и евалуација на проектите;
  • Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за добра соработка и за навремена работа.

ШТО НУДИМЕ?

Позитивна работна средина

Простор за професионална и лична надградба

Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи

Флексибилно работно време

Платен годишен одмор од 24 дена

Дополнително приватно здравствено осигурување

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно) во канцеларијата на НМСМ     .

Почетна плата: 27.000,00 денари нето.

 

III КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

CV на англиски јазик (PDF)

Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)

IV НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Интервјуата ќе се спроведат онлајн на платформата ЗООМ.

 

Целосната апликација да се испрати на следниот мејл: [email protected] со наслов на пораката Проектен координатор _ (име и презиме), најдоцна до 01.08.2021, 23:59h.

 

* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот

** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот

 

ТЕКСТ