Отворени работни позиции во ЦМА КРИК

Центарот за младински активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 2 работни позиции: 1 Координатор на младински програми и 1 Одговорно лице за поддршка на активности за лица со попреченост

Бараме млади и амбициозни личности кои сакаат да се приклучат кон тимот на Крик. Тимот и работата на Крик е динамична, интересна и полна со предизвици и нови случувања. Доколку сакаш динамична работа комбинирана со работа во канцеларија, организирање на настани, обуки, работилници во Македонија и странство, ова е одлична можност за тебе.

Двете работни позиции вклучуваат патувања во земјата и странство.

Тип на вработување: договор за вработување на неопределено (по 6 месеци работа)

Вработувањето е со: Полно или пола работно време од 8 или 4 часа, од понеделник до петок (понекогаш е можно и работа за време на викенд на одредени настани, обуки, работилници). Има простор за договор за времетрањето на работно време во зависност и од другата позиција која ќе се одбере (можност и за пола работно време).

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на [email protected] со кратка биографија и мотивационо писмо најдоцна до 23ти јули 2021. Во описот наведете за која позиција аплицирате.

Работниот ангажман започнува од 1ви август 2021.

Патувањата се предвидени почнувајќи од август месец во Охрид и Демир Капија.

Потребни квалификации (за двете работни позиции):

Универзитетска диплома (пожелно социјална работа, психологија или специјална едукација) или релевантно искуство;

Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински програми;

Да биде способен/а да претстави, објасни и да го фацилитира процесот на учење кај млади лица со попреченост и без;

Познавање од проектен менаџмент, навремено завршување на задачите и добра работа во тим;

Добро развиени комуникациски и фацилитациски способности.

Отворена позиција: Координатор на младински програми

Работни обврски:

Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост;

Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;

Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;

Да даде поддршка и ги координира тимот на младински работници кои ќе спроведуваат младински програми во 6 специјални училишта;

Да биде во контакт и одржи соработка со претставниците на 6 специјални училишта за програмите кои се спроведуваат;

Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој;

Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;

Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;

Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор.

Отворена позиција: Одговорно лице за поддршка на активности на лица со попречност

Работни обврски:

Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост;

Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;

Да даде поддршка на младинските работници кои работат во специјалните школи за подготовка на интегративните програми за лица со попреченост и без (во процесот на планирање и спроведување);

Да даде поддршка на проектот “Getting a Life” Deinstitutionalisation of Residents of D. Kapija;

Да биде лице за поддршка на лица со попреченост на одредени настани, по потреба;

Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;

Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности.