Почитувани,
Здружението на граѓани Еко Логик, започна со имплементација на проектот “Graffiti Art Takes the Street”. Проектот е поддржан од програмата Еразмус+, со координаторство од страна на Agencia Nacional para a gestao do programa Juventude em Accao”, Португалија.
Целта на проектот е да се продуцираат уникатни графити низ повеќе урбани (градски) локации, со цел да се поттикнат младите и амбициозни артисти да креираат улична уметност/графити, и да се зголеми бројот на графити, како и да се подобри легализирањето на истите. Со тоа, би се пренеле важни општествени пораки за животната средина, климатските промени и екологијата, но и младинско-општествен активизам.
Таргет групи и услови за селекција:
✔ Возраст од 18-29 години
✔ Подготвено портфолио прикажувајќи искуство во креирање графити
✔ Ентузијазам за улична уметност
✔ Искуство и интерес на темите: животна средина, екологија, климатски промени и младински активизам
✔ Добро познавање на Англискиот јазик
✔ Согласност за учество во снимање на краток филм за креирањето на графитите
Целта на овој повик е да се предизвика интерес кај млади уметници кои имаат искуство со креирање графити, со цел приклучување во изведба на проектните активности.
Исто така, цел е и да се прошири мрежата на контакти помеѓу уметниците, но и да се подобри нивната вработливост, потенцијал, и стекнување искуство.
Од пријавените учесници се очекува да имаат вештини, интерес, и искуство во креирање улична уметност-графити, на теми:
✔ Екологија
✔ Животна средина
✔ Климатски промени
✔ Младински активизам
Квантитет за финални резултати:
✔ 10 урбани локации со поголема видливост
✔ Селектирани 5 графити уметници
✔ Креирање 2 графити од секој уметник
Временската рамка за изработка на графити е:
Од 1ви Септември до 1ви Ноември 2021
Придобивки од учество во проектните активности:
✔ Подобрена репутација за уличната уметност графити
✔ Вмрежување помеѓу уметниците
✔ Стекнување искуство и збогатување на портфолио
✔ Учество во проектен краток филм за време на креирањето на графитите
Потребно за пријавување:
Потребно е да се достави професионално портфолио кое прикажува искуство во креирање улична уметност-графити, како и финансиска понуда за услугата изразена во бруто износ (денарска валута).
При креирање на ваша финансиска понуда, земете ја во предвид големината на еден графит која може да биде: 2×2, 2×3, или 3×3 големина.
Портфолиото, заедно со финансиската понуда, потребно е да бидат доставени по е-пошта на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна дo: 20ти Август, до 17:00 часот, по што тимот на Еко Логик ќе направи соодветна селекција.
*Во текот на проектните активности, односно креирање графити, тимот на Еко Логик ќе има редовна и блиска комуникација со уметниците, и ќе биде на нивно располагање за било каква асистенција, насока, како и набљудување на изработката на графити.
Ги очекуваме вашите пријави.
Вашето искуство, знаење и споделувања на идеи ни се од огромна значајност за уште поуспешна реализација на проектот.
Со почит,
Марија Нешкоска, проектен координатор
Здружение на граѓани “Еко Логик”
075/319-128 и 075/248-609