Конкурс за вработување на Проектен/на асистент/ка

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ Скопје, има потреба од Проектен/на асистент/ка за ефикасно и ефективно имплементирање на активностите во рамки на проектите кои се спорведуваат од страна на ЗМАИ.

Опис на работни задачи на Проектен/на асистент/ка: 

  • Организација, имплементација и поддршка на проектни активности на ЗМАИ;
  • Редовна координација за тековни работи и обврски со Претседателот на Здружението, Извршниот одбор и останатите членови на проектните тимови;
  • Поддршка на проектните координатори во финансиското водење на проектите;
  • Изработка на дигитални содржини поврзани со работењето на Здружението;
  • Ажурирање и водење на веб страна и социјални медиуми;
  • Комуникација со проектни партнери и соработници;
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
  • Други активности кои произлегуваат од реализациајта на проектите.

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

  • Искуство во подготовка и реализација на настани;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик (пожелно е приложување на сертификат за степен на познавање на Англиски јазик);
  • Напредно познавање на алатките на Microsoft Office и Google, познавање на алатки за дизајнирање и креирање на интерактивни содржини (Piktochart, Canva, Photoshop, InDesign) ќе се смета за предност;
  • Вештини за прибирање и обработка на податоци;
  • Искуство во водење на тековни финансиски активности ќе се смета за предност;
  • Познавање на административно – техничките процедури на меѓународните донатори (УСАИД, Европска Комисија, CIVICA Mobilitas или ФООМ) ќе се смета за предност;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата;
  • Познавање на работата и мисијата на ЗМАИ.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од најмалку 35 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 3 месеци пробна работа (која ќе вклучува и обука), со можност за продолжување на договорот и редовно вработување на неопределено време. Месечниот надоместок ќе биде оптределен во зависност од искуството и квалификациите на избраниот/ата кандидат/ка.

Рок и начин на пријавување: 

 Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

  • Кратка биографија (CV на македонски јазик или англиски јазик);
  • Мотивациско писмо на македонски јазик;
  • Референтна листа на контакти (пожелно)

На електронската адреса [email protected] со наслов/назнака „[име и презиме] Апликација за работно место – Проектен асистент во ЗМАИ“.

Рокот за поднесување на апликации е 31 август 2021 година (вторник), до 16:00 часот.

Начин на селекција: 

Кандидатите кои ќе ја поминат првичната селекција, ќе бидат повикани на разговор (Online) во периoдот од 06 до 09 септември 2021 година. Работните активности на избраното лице ќе започнат најдоцна до 15 септември 2021 година.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. ЗМАИ го задржува правото да ги пролонгира роковите предвидени во конкурсот доколку смета дека истото е потребно.