Повик за учество во програма за кариерно советување

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвара повик за учество во програма за кариерно советување.

Програмата за кариерно советување ќе ги развие вештините за барање и наоѓање соодветно работно место на младите невработени лица. Преку оваа програма, проектот ќе им помогне на младите да станат поконкурентни на пазарот на труд со поддршка од професионалци со долгогодишно искуство во областа кариерно советување.

Учесниците во програмата ќе направат детална самопроценка на нивните интереси, карактеристики, вештини и вредности и врз основа на овие сознанија ќе постават реалистични кариерни цели. На крајот на програмата, секој учесник ќе има развиено индивидуален план за вработување. Програмата за кариерно советување ќе започне во октомври 2021 година, а учеството е бесплатно.

Дел од програмата би се реализирал со физичко присуство во Скопје, согласно важечките мерки за заштита од COVID-19 во тој период, а дел онлајн. Патните трошоци за учество на средбите во Скопје за учесниците кои не живеат во Скопје ќе бидат покриени.

 

Услови и обврски за учество во програмата

Заинтересираните кандидати за учество во програмата за кариерно советување е потребно:

  • Да бидат на возраст помеѓу 18 и 29 години;

  • Да имаат завршено најмалку средно образование;

  • Да не се во работен однос и

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub.

Учесниците ќе имаат обврска активно да се вклучат во програмата за кариерно советување од почеток до крај.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линк најдоцна до 26 септември 2021. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.

Повик за тутори за млади лица кои работат на дигитални проекти

Национален младински совет на Македонија (НМСМ) отвара повик за тутори на млади лица кои работат на дигитални проекти.

Преку програмата за туторство, проектот ќе обезбеди поддршка за 30 млади лица за практична примена на нивните дигитални вештини стекнати во рамки на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“. На овој начин, програмата ќе им помогне на младите да почнат да го градат своето професионално портфолио и ќе им обезбеди можност да работат на реален проект со поддршка од истакнати професионалници во областа. Проектите на учесниците во програмата треба да резултираат со алатки и продукти (веб-страници, стратегии за дигитален маркетинг и промоција, дизајни, оптимизирање на пребарувачки уреди (SEO) и слично) кои ќе ги користат младински организации од земјата.

За потребите на оваа програма, Националниот младински совет на Македонија отвора повик за ангажирање на 5 експерти (тутори) кои ќе бидат одговорни за обезбедување насоки и професионална поддршка на учесниците во програмата за туторство. Заинтересираните кандидати можат да се пријават да бидат тутор во некоја од следните области:

  • Веб-дизајн;

  • Графички дизајн;

  • Дигитален маркетинг/Дигитални комуникации или

  • SEO.

Услови, права и обврски за туторите

Заинтересираните кандидати е потребно:

  • Да имаат најмалку 5-годишно работно искуство во областа за која се пријавуваат;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub;

  • Искуство како тутор или инструктор во програми за неформално образование од областа ќе се смета за предност.

Туторите ќе ги имаат следниве обврски:

  • Учество во еднодневна обука за тутори, организирана од страна на проектот и

  • Туторство на 6 млади лица во нивната работа на реален проект, во согласност со барањата и потребите на младинските организации за кои се изработува продуктот.

За туторите е предвиден надомест во бруто износ од 71800 денари.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да испратат кратка професионална биографија (CV) и мотивациско писмо на [email protected] со наслов „МладиХаб-Пријава за тутор“ најдоцна до 26 септември 2021 година. Ве молиме, во насловот на порака наведете и за која област се пријавувате (Веб-дизајн, графички дизајн, Дигитален маркетинг/дигитални комуникации или SEO).

 Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.