Центар за демократска транзиција – ЦДТ од Црна Гора организира регионална конференција насловена „Transparency of the executive power institutions: Dead end for information“ на 28-ми септември во Подгорица со почеток во 11 часот. Настанот ќе се одвива во хибриден формат (во живо и онлајн), на англиски и црногорски јазик. Агендата за настанот можете да ја видите овде, а линкот од ZOOM е во продолжение: https://us06web.zoom.us/j/86719182704 ; Meeting ID: 867 1918 2704.
Транспарентноста и отвореноста се помеѓу основните предуслови за квалитетна извршна власт и затоа треба да бидат третирани како неопходност а не израз на добра волја на носителите на одлуки. Политиката на отвореност мора да биде политика на сите влади на Западен Балкан, мора да биде дефинирана како и останатите важни политики, и не смее да биде плод на моментална одлука или актуелните ставови на власта. Таа бара не само израз во стратешки документи, туку и гласни застапувачи за концептот на отворена влада на највисоките општествени и државни функции.
Фондација за интернет и општество Метаморфозис (Северна Македонија), Центар за демократска транзиција – ЦДТ (Црна Гора), Центар за транспарентност, истражување и
одговорност – ЦРТА (Србија), и Здружението Зошто не? (БиХ), петта година по ред го спроведоа мерењето на отвореност на извршната власт во земјите од Западен Балкан, со поддршка на Националниот фонд за демократија – НЕД.
Во име на квалитетен јавен дијалог за предизвиците во достигнување на целосна транспарентност во работата на властите, се организира настан на кој ќе се слушнат мислењата
на сите засегнати страни и кои ќе се обидат да најдат заеднички одржливи решенија за развој во оваа област. На конференцијата ќе се дискутира подетално на овие теми со претставници на институции и граѓанскиот сектор од земјите од Западен Балкан. Секоја земја од регионот има свои специфични, политички услови во кои ја развива својата отвореност, но може да се забележи значителен простор за заедничко регионално делување за подобрување на состојбата.