Во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиски поддржан од Еврпската Унија, во периодот од 25.10.2021 до 15.11.2021 Центарот за истражување и креирање политики ќе одржи три-дневна обука за градење на капацитетите во областа на родово одговорното буџетирање на 34 локални граѓански организации за користење на РОБ алатки за проценка на усогласеноста помеѓу политиките и буџетите и потребите на мажите и жените во 17-те општини вклучени во проектот.
Придобивките на граѓанските организации од учеството во обуката се следните:
- Запознавање со основните концепти за родовата еднаквост
- Запознавање со алатките на родово одговорното буџетирање и оспособување за нивно ефективно користење
- Запознавање со РОБ алатки за cost-benefit и cost-effectivness анализа и оспособување за нивно ефективно користење
- Оспособување за мониторинг на родово одговорното буџетирање на локално ниво
- Оспособување за вклучување во процесот на донесување одлуки на локално ниво
- Градење вештини за застапување на ранливите категори на граѓани на локлано ниво
- Менторска поддршка од менторите на Мрежата за родово одговорно буџетирање
- Можност за грантирање
- Можност за зачленување во Мрежата за родово одговорно буџетирање
Вашиот интерес за учество на обуката пријавете го на следниов линк најдоцна до 15.10.2021 по што најдоцна до 21.10.2021 ќе бидете информирани за деталите на меил. Можат да се пријават повеќе лица од истата организација.
Линк за регистрација: https://forms.
Повеќе за обуката ќе најдете на следниов линк: shorturl.at/hEIV7
За сите дополнителни информации можете да се обратите со маил на [email protected]