ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА ФОТОГРАФИЈА ЗА ОБУКА ЗА КРЕАТИВНИ АЛАТКИ ВО СТРУГА

За потребите на проектот „Мултикултурализам и радикализација: нови пристапи кон старите проблеми“, ЗРА Аква објавува: Повик за избор на обучувач(ка).

Обуката треба да ги опфати основите на фотографијата и начините за нејзино искористување за адресирање на предизвиците во локалната заедница поврзани со мултикултурализмот и меѓуетничките односи.
Основната цел на проектот е зајакнување на меѓуетничките односи и превенција од радикализација преку систем на врсничко учење и примена на креативни алатки, како и адресирање на проблемите и предизвиците на младите во локалната заедница.
Главна цел на ангажманот е спроведување на едномесечна обука на група средношколци во Струга, со редовни средби еднаш до два пати неделно.
Периодот планиран за спроведување на обуката е октомври-ноември.
Местото на одржување на обуката е во Струга.
 
Обучувачите ќе биде ангажиран за:
 
• Утврдување на методологија за одржување на обуките и конципирање на курикулум за истите;
• Спроведување на обуките;
• Евалуација на обуките.
Обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
• Завршено високо образование;
• Искуство во спроведување обуки (предност ќе имаат оние кои имаат искуство со испорака на обуки на предвидените теми);
• Познавање на вештините за фотографија
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
 
• Мотивациско писмо (до 500 зборови);
• Кратка биографија (CV) со опис на експертизата релевантна за оваа задача;
• Финансиска понуда
Најдоцна до 20.10.2021 на [email protected].
За било какви дополнителни информации, обратете се на [email protected].

Проценка на потребите на младите од Штип, Кочани и Делчево

Кои се потребните на младите од Штип, Кочани и Делчево? Какви можности и програми им се потребни за да ги унапредат своите знаења и вештини? Како да им се олесни процесот за вработување?

Здружение Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), People In Need (PIN) и Сојуз за младинска работа спроведуваат анкета со младите од општините Штип, Кочани и Делчево. Ова анкета има за цел да ги оцени потребите на младите, како основа за понатамошно креирање на проекти со кои ќе се унапреди младинската интеграција во општеството. Анкетата е целосно анонимна и не налага внесување на вашите лични податоци.

Доколку сте млад чивек од Штип, Кочани или Делчево, споделете го со нас вашето мислење, со пополнување на оваа анкета. Пристапете до анкетата на СЛЕДНИОВ ЛИНК.

Повик за настани Pitch Please и EduCorner

АИЕСЕК организира два настани во наредниот период: Pitch Please (29-30 октомври) и EduCorner (5-6 ноември). 

Високата стапка на младинска невработеност, одлив на млади таленти, недоволното работно искуство, недоволните можности за развој, како и неможноста за креирање на успешно CV се проблеми кои ја поттикнаа оваа иницијатива за организација на настани чија главна цел е позитивно влијание врз овие предизвици.

Pitch Please (29-30 октомври) и EduCorner (5-6 ноември) се бесплатни настани за млади кои ќе се одвиваат онлајн, овозможувајќи пристап секому, од секаде. Панел дискусии, спикери, практични работилници се само
дел од испланираниот репертоар за овогодишното издание.

АИЕСЕК Скопје за прв пат со задоволство ви ја претставува платформата EduCorner базирана врз 4тата цел – Квалитетна Едукација на Обединетите Нации, која има за цел преку дводневен настан, пропратен со практични работилници да развие тврди вештини кај младите. Pitch Please кој го организираме повеќе од 20 години се базира врз 8мата цел – Достојна Работа и Економски Развој на Обединетите Нации, а концептот се базира врз развој на меки вештини кои ќе ги научат младите како успешно да го продадат своето знаење и тврди вештини пред компаниите.

Формуларот за пријавување за настаните можете да го најдете овде.