Повик за волонтери и активни членови

Здружение за развој МЛАДИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС Дебар постојано има повик за ВОЛОНТЕРИ, но се разбира и за АКТИВНИ ЧЛЕНОВИ во здружението.
Волонтирањето е многу важен дел од процесот на формирањето на личноста.
Преку волонтирање личноста корисно го троши своето слободно време, ги усовршува своите вештини и способности, се вклучува во тимска работа, го проширува кругот на пријатели, помага таму каде што е потребна помош, придонесува за развој на општеството итн.
Затоа Ве повикуваме да се вклучите во нашиот тим и заедно да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е развојот на граѓанското општество.
Тимот на Здружение за развој МЛАДИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС Дебар Ви стои на располагање за сите нејаснотии.
Во продолжение линк за пријавување на волонтери: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSc3BRjcgYk…/viewform…

Повик за студентите и студентските правобранители при универзитети во Република Северна Македонија

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“ отвора повик за учество во повеќе неделен едукативен модул наменет за јакнење на капацитетите на студентите и студентските правобранители во борбата против дискриминацијата во високото образование.

Целта на овој модул е јакнење на капацитетите на студентите и студентските правобранители и надоградба на нивните знаења од областа на спречувањето на дискриминација и постапувањето по истата. Тематските целини кои ќе бидат опфатени во рамки на обуката се:

  • Запознавање со дискриминацијата и негативните последици од истата;
  • Улогата на студентските правобранители и заштитата на студентските права и обврски;
  • Застапување и лобирање;
  • Комуникација со јавност и студенти;
  • Ментално здравје и психолошки пристап кон жртвите.

Обуката ќе се реализира со хибриден пристап, односно главен дел со физичко присуство, а студентите кои нема да можат да присуствуваат физички, ќе можат истата да ја следат онлајн.

Аплицирањето за обуката ќе се реализира преку следниот линк:

https://forms.gle/uYYMxgmoRN6hjcai6

Учесници на оваа обука треба да бидат сите студенти и студентски правобранители на универзитетите и факултетите во Република Северна Македонија.

Краен рок за аплицирање e 1.11.2021 до крајот на денот.

Учесниците кои ќе го завршат модулот ќе добијат сертификат за успешно поминат едукативен модул.

Оваа активност е дел од проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Oтворено општество – Македонија.