Изложба „Јапонија низ фотографии“

Здружението Споделено знаење, кое се занимава со умножување на статиите на Википедија на македонски јазик и кое е огранок на светската фондација Викимедија, ќе ја одржи својата трета изложба, овојпат насловена „Јапонија низ фотографии“. На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии и слики кои ја прикажуваат културата, историјата, географијата и архитектурата на Јапонија. Целта е македонските граѓани да бидат доближени со Јапонија преку добивање на ново знаење за оваа источноазиска земја. Имено, на секоја фотографија ќе има QR код кој води до соодветната статија на Википедија на македонски јазик.
Дополнително на 23 ноември, со почеток во 14 часот, Споделено знаење ќе одржи уредувачки настан на македонската Википедија со цел уредување статии поврзани со Јапонија. 
Уредувањето ќе биде одржано во просториите на МладиХаб

Повик за млади лица за учество во младински Techathon

Во склоп на проектот „МладиХаб: градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите”  ќе се одржи дводневен младински Techathon организиран од страна на Youth Empowerment Platform Gostivar и Co-work Gostivar на тема “Innovative Youth Entrepreneurship Idea”, што има за цел да им помогне на заинтересираните млади лица да ги развијат своите креативни и иновативни бизнис идеи во оваа област. Настанот е наменет за потенцијални млади претприемачи кои преку тимска работа ќе развијдат различни иновативни решенија од областа на бизнис и технологија. Сите учесници за време на хакатонот ќе добијат поддршка од 5 искусни ментори кои ќе им помагаат низ процесот на развивање на решенија. 

Хакатонот ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември (петок и сабота) во просториите на Младински центар iCan во Гостивар. Techathon-от ќе започне во 10:00 во петок и ќе заврши во 16:00 во сабота, со што се предвидува 30 часа работење, со можност за заминување и преноќување дома. Идеите ќе бидат презентирани пред стручна жири комисија составена од тројца професионалци од бизнис и IT секторот, кои ќе одлучат кои три идеи ќе бидат наградени со финансиска поддршка за реализација.

За трите најдобри идеи се предвидени следните награди:

  • 1500 eur за освоено прво место

  • 1000 eur за освоено второ место

  • 500 eur за освоено трето место.

Добитниците ќе имаа можност и за бесплатно изнајмување на просторија во CoWork во времетраење од 3 месеци.

Услови, права и обврски за учесниците

Заинтересираните кандидати е потребно:

  • Да бидат млади лица на возраст од 15 до 29 години

  • Да бидат жители на Гостивар и околината (повикот е отворен и за учесници надвор од овој регион, меѓутоа сместување за време на хакатонот не е предвидено)

  • Да имаат изводлива и иновативна бизнис идеја

  • Знаење од областа на бизнис и технологија ќе се смета за предност, но не е задолжително

За време на Techathon-от ќе бидат обезбедени опрема, оброци и освежување за сите учесници. На наградените три бизнис идеи ќе им биде обезбеден ментор, кој ќе им помогне нивната идеја да се реализира до март 2022 година. 

 Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да се регистрираат на овој линк и да ја пополнат својата пријава најдоцна до 21-ви ноември 2021 година.

Одговорите на најчесто поставуваните прашања можете да ги најдете овде.

Доколку се потребни дополнителни информации за настанот, опроектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058. 

Projekti do të përfshijë Techathon rinor dyditor të organizuar nga Platforma Youth Empowerment Platform Gostivar (YEP) me temën “Innovative Youth Entrepreneurship Idea”, e cila synon të ndihmojë të rinjtë e interesuar të zhvillojnë idetë e tyre kreative dhe biznes ide inovative në këtë fushë. Ngjarja është e dedikuar për sipërmarrësit e rinj potencialë të cilët përmes punës ekipore do të zhvillojnë zgjidhje të ndryshme inovative në fushën e biznesit dhe teknologjisë. Të gjithë pjesëmarrësit gjatë hakatonit do të marrin mbështetje nga 5 mentorë me përvojë, të cilët do t’i ndihmojnë ata gjatë procesit të zhvillimit të zgjidhjeve. 

Hakatoni do të mbahet më 3 dhe 4 dhjetor (e premte dhe e shtunë) në Qendrën Resurse Rinore iCan në Gostivar. Techathon do të fillojë në orën 10:00 të premten dhe do të përfundojë në orën 16:00 të shtunën, i cili parashikon 30 orë punë, me mundësi për largim dhe qëndrimi gjatë natës në shtëpi. Idetë do t’i prezantohen një jurie ekspertësh të përbërë nga tre profesionistë nga sektori i biznesit dhe TI-së, të cilët do të vendosin se cilat tri ide do të shpërblehen me mbështetje financiare për realizim. 

Për tre idetë më të mira, janë parashikuar shpërblimet në vijim:
 

  • 1500 euro për vendin e parë të fituar

  • 1000 euro për vendin e dytë të fituar

  • 500 euro për vendin e tretë të fituar.


Fituesit do të kenë gjithashtu mundësinë të marrin me qira një hapësirë në CoWork falas për një periudhë 3 mujore.

Kushtet, të drejtat dhe detyrimet për pjesëmarrësit

Kandidatët e interesuar nevojitet:

  • Të jenë të rinj të moshës 15 deri në 29 vjeç

  • Të jenë banorë të Gostivarit dhe rrethinës (thirrja është e hapur edhe për pjesëmarrës jashtë këtij rajoni, por akomodimi nuk ofrohet gjatë hakatonit)

  • Të kenë biznes ide të qëndrueshme dhe inovative

  • Njohja nga fusha e biznesit dhe teknologjisë do të konsiderohet si avantazh, por nuk është e detyrueshme

Pajisjet, ushqimet dhe pijet freskuese do të sigurohen për të gjithë pjesëmarrësit gjatë Techathon. Tre biznes idetë e shpërblyera do të kenë mentor, i cili do t’i ndihmojë ata të realizojnë idenë e tyre deri në mars 2022. 


Mënyra e aplikimit

Kandidatët e interesuar duhet  të regjistrohen në këtë lidhje dhe të plotësojnë aplikimin e tyre më së voni deri më 21 nëntor 2021.

Përgjigje për pyetjet më të shpeshta mund t’i gjeni këtu.

Nëse keni nevojë për informacion shtesë në lidhje me projektin ose thirrjen, mos ngurroni të kontaktoni [email protected] ose në 070 399 058.

Born2Run, Kуманово

Центар за интеркултурен дијалог заедно со ОБСЕ Мисија во Скопје со задоволство Ве покануваат на четвртото издание на Born2Run трката што ќе се одржи на 13-ти ноември во Куманово. Трката e поделена во два дела: 3км и 10 км. Главната цел на проектот е да се сплотат етнички поделените заедници во градот и преку спортски настани да се промовира дух на соживот и меѓусебна доверба. Учеството на трката е бесплатна и истатa е организиранa со помош на локални волонтери.

– Пријавувањето ќе биде отворено во 12:00 часот на градскиот плоштад „Нова Југославија“
– Трката ќе започне во 13:00 часот

Учеството на истата е бесплатна за сите заинтересирани. Може да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/NbNsXUU9wyy7p4Yt8

 

Qendra për Dialog Interkulturor sëbashku me Misioni OSBE-së në Shkup ju ftojnë që të merrni pjesë në edicionin e katërt të garës Born2Run që do të zhvillohet më 13 nëntor në qytetin e Kumanovës. Gara është e ndarë në dy pjesë: 3km dhe 10km. Qëllimi kryesor i projektit është që ti bashkojë komunitetet etnikisht të ndara, të promovojë frymë bashkjetese dhe besim të ndërsjelltë përmes aktiviteteve sportive. Pjesëmarrja në garë është pa pagesë dhe organizohet nga ana e vullnetarëve vendas.

– Regjistrimi do të hapet në ora 12:00 në sheshin e qytetit “Nova Jugosllavia”
– Gara do të fillojë në orën 13:00

Pjesëmarrja është falas për të gjitha palët e interesuara. Ju mund të regjistroheni në këtë link: 

Повик за теренски претставник на СОС детско село

СОС Детско село има потреба од: СОС Претставник на терен м/ж, кој ќе го претставува СОС Детско село и ќе вклучи што е можно повеќе граѓани во хуманитарната мисија за поддршка на децата и младите на кои тоа им е најпотребно.

Доколку:

  • си мотивиран
  • сакаш тимска работа
  • сакаш работа на терен
  • си посветен на хуманитарна работа
  • уживаш во комуникација и интеракција со луѓе

Тогаш оваа работа е токму за тебе!

Што бараме:

  • Работа на терен и директна
  • комуникација со граѓаните
  • Искуство во продажба
  • Преговарачки вештини
  • Ориентираност кон остварување на таргет
  • Проактивен пристап
  • Позитивна и љубезна комуникација
  • Спремност за тимска работа
  • Мотивираност и посветеност кон хуманитарна работа

Што нудиме:

  • Редовни месечни примања
  • Стимулативни бонуси
  • Флексибилно работно време од 20 часа неделно
  • Искуство во интернационална невладина хуманитарна организација
  • Развивање на нови знаења и вештини
  • Континуирана едукација и можност за напредување

Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата за која се пријавуваш на email: [email protected]