Фондација Метаморфозис со задоволство Ве поканува на 17-то издание на Конференцијата „е-Општество.мк“ на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, што оваа година ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември. Поканата содржи линкови кои водат до агендата како и формуларот за регистрација на учесници.
Напомена:
- Првите 40 регистрирани ќе имаат можност физички да присуствуваат на првиот ден од конференцијата (30-ти ноември), и на последниот ден од конференцијата (3-ти декември).
- Согласно протоколите за КОВИД-19, за сите учесници задолжително е поседување на еден од задолжителните КОВИД-19 документи:
- Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
- Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Настанот е отворен за јавноста и Ве охрабруваме да ја споделите поканата со Вашите партнери и соработници доколку сметате дека темата ќе предизвика интерес кај нив.
Како дел од конференцијата, на 2-ри декември помеѓу 13:15-16:30 ќе се одржи вебинар – Како да се изгради силен и одржлив систем за заштита на приватноста, на кој ќе се дискутира актуелниот Закон за заштита на личните податоци и механизмите во Северна Македонија од аспект на ГО и граѓаните, и преку истиот ќе се обезбеди знаење и поддршка за ГО за нивното целосно усогласување со обврските што ги утврдува Законот. Приота, преку вебинарот граѓаните ќе може да го разберат Законот и моќта на (зло)употребата на нивните лични податоци од други субјекти, но и опасностите од споделување на туѓи лични податоци без никаква согласност.
Напомена за вебинарот за заштита на приватноста: Вебинарот ќе биде на македонски јазик. Сите регистрирани корисници кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат сертификати за учество на мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.