Прес конференција за Младински центри

На 10.12.2021 (петок) со почеток во 12:00 часот Сојузот за младинска работа и Националниот младински совет на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија ќе одржат прес конференција во МладиХаб, на улица Димитрие Чуповски бр. 7 (канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија).
Настанот се одржува по повод 10ти декември – меѓународен ден на човековите права, на тема правото на младите луѓе на безбедни простори за млади во кои ќе можат да ги развиваат своите компетенции и да се градат како активни граѓани. На конференцијата ќе биде презентирана моменталната состојба со отворањето на младински центри во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, ќе бидат објаснети обврските за општините што произлегуваат од Законот, и ќе бидат споделени информации за подршката што ја обезбедува Агенција за млади и спорт, како и за тоа кои се општините кои веќе ги имаат успешно исполнето законските обврски.
На прес конференцијата ќе се обратат претставници од Агенција за млади и спорт, Сојуз за младинска работа и Национален младински совет на Македонија, а преку видео врска ќе се вклучат младински работници од Младинскиот центар во Кавадарци и претставник од Општина Кавадарци.
Настанот ќе може да се проследи и онлајн преку livestream на facebook.

Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?

📲 Дали младите им веруваат на медиумите?
📰 Дали медиумите нудат содржини со кои можат да го задржат вниманието на младите?
🤔 Колку тие сакаат да се информираат од домашни медиуми?
🤟 Дали сметаат дека ангажирањето во општествено важни прашања е бесцелно потрошено време? 
🗣️ Ова се само дел од прашањата кои ќе се обидат да ги одговорат учесниците на јавната дебата со наслов „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите“ во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“ финансиран од Британската амбасада Скопје.
🔗 Настанот може да се проследи и преку ЗУМ платформата. Повеќе инфо на следниот линк: https://meta.mk/onlajn-debata-kolku-mediumite-gi…/
Во дебатата ќе учествуваат: 
👉 Анета Андонова, главна уредничка на МРТВ
👉 Ива Наскова, Универзитетско студентско собрание на УКИМ
👉 Дарко Тошиќ, Национален младински совет на Македонија
👉 Бојан Шашевски, Радио МОФ
👉 Елида Зулбеари, уредничка на Порталб.мк
👉 Бојан Блажевски, уредник во Новинската агенција Мета
Настанот се одржува во рамки на Деновите на медиумска писменост, а ќе го отвори амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј