АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ КОН ЗДРАВЈЕТО

Овој прашалник е наменет за испитување на однесувањето кон здравјето на млади лица на возраст од 15 до 24 години, лица кои живееат во една од општините на Скопскиот регион, припадници на различен пол и припадници на македонската, албанската, турската, ромската, српската, бошњачката, влашката и други заедници. Добиените одговори од сите испитаници, ќе се искористат исклучиво за потребите на научна студија, со која се очекува да се даде придонес врз развојот на политики, програми и практики за унапредување на здравјето и добросостојбата на младите од Скопскиот регион.

Учеството во оваа анкета е целосно анонимно. Никој нема можност да знае што сте одговориле на прашањата. Затоа, ве замолуваме целосно да ги прочитате прашањата и да дадете искрени одговори на поставените прашања.

Сите прашања се задолжителни.

За пополнување на овој прашалник ќе Ви бидат потребни околу 10 минути.

Спроведувач на оваа анкета е д-р Силхан Саитов. 
Доколку имате некакви прашања или наидете на некакви потешкотии, Ве молиме да го контактирате на следната Е-маил адреса: [email protected]

 
Прашалникот е достапен на три јазици на линковите подолу:
Македонски
Албански

Конференција “Правното образование во РСМ – појдовна точка во процесот на унапредување на правната професија”

Правното-образование-во-РСМ-појдовна-точка-во-процесот-на-унапредување-на-правната-професија-4.pdfMaкедонското здружение на млади правници организира годишна конференција “Правното образование во РСМ – појдовна точка во процесот на унапредување на правната професија”Главната цел на конференцијата е да се поттикне дебата за моменталната состојба и предизвиците со кои се соочува правното образование во нашата држава како појдовна точка во процесот на унапредување на правната професија и активното вклучување на младите во процесот на надминување на невработливоста.
 
Со големо задоволство Ве покануваме да присуствувате на конференцијата и да земете активно учество во дебатата. Оваа конференција би била основа за изготвување на заклучоци и препораки за сите засегнати страни, со цел да се обезбеди подобрување на состојбите во иднина преку заеднички и координирани делувања.
 
Настанот ќе се одржи на 22ри декември 2021 година (среда)  со почеток од 10:45 часот. Настанот ќе се одржува на хибриден начин, односно со физичко присуство и преку платформата ZOOM и истиот ќе биде емитуван во живо. Вашето учество на настанот пријавете го на следниот линк – https://forms.office.com/r/i8Y0sbkS5K најдоцна до 20ти декември 2021 година до 11 часот.
 
 
Патните трошоци за лицата кои патуваат од градови надвор од Скопје, ќе бидат покриени од здружението.
 
Целосната агенда може да ја најдете на овој линк