Отворен повик за учесници за Еразмус+ обуки „Transformation” – за медиумска писменост


Отворен повик за учесници за Еразмус+ обуки „Transformation” – за медиумска писменост.
📍Каде? Чешка
📆Кога? 12-17.03.2022 (Обука 1) / 1-6.07.2022 (Обука 2)
👤За кого? 18+
⏰Пријавете се до: 06.02.2022
* Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци до 275€ се покриени
ℹ️Повеќе информации за проектот и апликационен формулар (најдолу на сајтот):
❓Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте нѐ на 📧 [email protected] со наслов „Обука – Transformation“ или во порака на 📩Facebook/Instagram
 

Повик за средни училишта за учество во проектот „Learning Engagement And Democracy“

Како твоето училиште ги поттикнува учениците? Како би изгледало учениците да го водат училиштето за еден ден? Како да дојдеш до конкретни алатки и примери за ученичко учество?

Здружение ЛЕАД објавува повик за 7 средни училишта од Северна Македонија да земат учество во активностите предвидени во проектот „Learning Engagement And Democracy“, кој има за цел да го унапреди учеството на учениците во процесите на носење одлуки во средните училишта. Повикот е отворен за сите државни и приватни средни училишта, гимназии и стручни, кои сакаат да ги зајакнат демократските капацитети и кои сакаат да креираат нови или да ги зајакнат постоечките механизми за учество на учениците во процесите на носење одлуки.

Избраните училишта ќе се вклучат во следните активности предвидени во проектот:

  1. Спроведување на еднодневен настан „Кога учениците одлучуваат…“, во форма на симулација каде 10 ученици ќе го преземат раководењето на училиштето во еден ден;
  2. Учество на тридневен тренинг „Земи збор“ наменет за 3 ученици од секое од избраните училишта, каде учесниците ќе ги зајакнат своите капацитети за демократско учество и ќе подготват симулација на процес на носење на одлуки во училиштата.
  3. Учество на Национална конференција за ученичко учество, каде учесниците од тренингот „Земи збор“ ќе ја спроведат симулацијата на процес на носење одлуки, но и ќе креираат препораки за унапредување на ученичкото учество во средните училишта.

Сите активности ќе бидат спроведени во консултација и координација со училиштата вклучени во проектот, преку формирање на Консултативно тело, составено од по еден ученик и еден претставник на училиштето, од секое од седумте училишта. По спроведувањето на проектните активности, сите вклучени претставници од училиштата ќе добијат сертификат за учество во проектот.

Заинтересираните училишта можат да аплицираат за учество преку пополнување на апликациската форма достапна на следниов ЛИНК: , најдоцна до 20.02.2022.

Ве молиме, при процесот на аплицирање, како училиште, да назначите еден одговорен наставник и еден одговорен ученик, како одговорни лица за апликацијата и за учеството во проектот. Назначениот одговорен наставник за своите заложби ќе добие еднократен паричен надомест.

Селекцијата на седумте училишта кои ќе земат учество во проектот ќе биде спроведена од проектниот тим, врз основа на следниве критериуми:

  1. Степен на изразена мотивација за учество во проектот;
  2. Степен на подготвеност за имплементација на стекнатите знаења и искуства од проектот во самото училиште;
  3. Степен на разбирање на поимот младинско/ученичко учество и важноста од истото за средношколците;
  4. Степен на соработка помеѓу учениците и училишниот кадар и воспоставени практики за учество на учениците во процесите на носење одлуки.

Со секое избрано училиште Здружение ЛЕАД ќе потпише меморандум за соработка, во кој ќе бидат наведени сите детали поврзани со соработката и учеството на училиштето во проектот. Преку нивното учество во проектот, селектираните средни училишта ќе се здобијат со:

  1. Материјали за реализација на секоја од активностите;
  2. Подготвено сценарио за симулација на процес на носење одлуки кое ќе можат да го користат и по завршување на проектот;
  3. Зајакнати капацитети на учениците, но и на наставниот кадар, за демократско ученичко учество;
  4. Можност за вмрежување со други училишта од земјава;
  5. Сертификат за учество во проектот

Проектот „Learning Engagement And Democracy“ се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија, преку програмата Еразмус+.