Либерален Институт Скопје објавува јавен повик за учесници/чки на возраст од 18-29 години за учество во KA154-YOU-Youth participation activities во 7 – месечен тренинг (еден викенд месечно) за учество на младите во граѓанското општество и подигање на свеста за заедничките вредности на Европската Унија, промовирајќи еднакви можности за млади луѓе од различно културно, социјално и економско потекло. Нашата цел е да ги поттикнеме младите луѓе да бидат активни учесници и креатори на младински политики, да обезбедиме можност за нивно активно вклучување во планирањето на активностите и процесот на одлучување на организациско ниво и подигање свесноста за заедничките вредности и приоритети на ЕУ, како и за Законот за млади во Северна Македонија преку работилници за тимски активности, подготовка на стратегија и акционен план и проектно планирање на одредена тема – Мобинг против жените на работното место.Обуката ќе биде спроведена од 15 Февруари до 15 Август 2022 година.Рокот за пријавување е до 07.02.2022 година.Во прилог линкот за пријавување:Сите информации за обуката можете да ги добиете на следниот маил: [email protected] и на 078-689/500.
Пријава за учество на работилници 2022
Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за 2 младински работници во работилници во – ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и 2 младински работници во ДУЦОР “Партение Зографски” на тема “Претприемништво” во рамки на проектот „Претприемирај се!“.
Проектот „Претприемирај се!“ се имплементира во рамки на иницијативата „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ која е координирана од Junior Achievement Србија, а партнер од РС Македонија е Национален младински совет на Македонија, финансиски поддржана од ЕУ.
Главната цел на проектот „Претприемирај се!“ е да се негува и поттикне претприемачкиот дух на младите во земјата и да се обезбедат можности за личен раст и развој низ призмата на претприемништвото.
Младинските програми ќе имаат за цел да го промовираат претприемништвото во 4 училишта – 2 во Скопје и 2 во Пробиштип. Програмите ќе се фокусираат на неформално образование за младинско претприемништво дизајнирано од искусни младински работници во областа. Во методологијата широко ќе се користи методот на гејмификација (креирање онлајн игри за учење) и учесниците ќе имаат можност да ја користат апликацијата BeCoral, за најдобри практики. BeCoral е апликација за мобилни телефони, која е развиена преку стратешко партнерство Eramus+ во кое Крик е партнер. Целна група на програмите ќе бидат 20 млади луѓе во секоја програма (вкупно 80) од средните стручни училишта. Програмите ќе развијат вештини за овие млади луѓе да станат претприемачи откако ќе го завршат своето образование во професијата што ја избрале во нивната локална заедница. Програмите ќе се спроведуваат во просториите на училиштата, учесниците ќе бидат поканети од училиштата, но програмите ќе бидат отворени и за други млади кои сакаат да учествуваат. Во програмите ќе бидат опфатени млади лица со и без попреченост.
Програмите ќе траат вкупно 3 месеци и ќе содржат 10 работилници за одредени теми. Двајца младински работници за секоја програма (вкупно 8) ќе ги дизајнираат програмите и соодветно ќе ги имплементираат. Програмите ќе го поттикнат претприемачкиот дух кај средношколците и ќе им покажат алатки како да ги постигнат своите идеи.
За младинските работници ќе следува соодветен паричен надоместок.
За да бидете дел од работилниците, аплицирајте на следниот линк.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте нè на [email protected]