Повик за правни субјекти за учество на Регионален младински саем за вработување

За саемот

Во склоп на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” ќе се одржи Регонален младински саем за вработување. 

Саемот ќе се одржи на 28.02.2022 (понеделник) од 10:30 до 15:30 часот во Скопје (местото на одржување ќе биде објавено наскоро). Регионалниот младински саем ќе биде зборно место на повеќе компании од  регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите. Во таа насока во рамките на саемот се предвидени 3 активности, а Вие самите одлучувате дали сакате да се вклучите само во една или во сите активности:

  • Саем на компании – каде секоја компанија ќе има штанд на кој ќе може да ја претстави својата работа и професионалните можности кои ги нуди за млади

  • Speed date – каде компаниите и младите ќе имаат можност да се запознаат подобро и пофокусирано за краток временски период

  • Youth booth –  каде ќе може да се спроведуваат интервјуа во пријатна и приватна атмосфера, изолирано од самиот саем. Компаниите кои ќе се пријават за оваа активност ќе добијат листа на кандидати кои се пријавиле за истата и ќе можат да изберат кандидати со кои би сакале да им биде закажано интервју.

Услови и обврски за учество на саемот

Сите правни субјекти кои се заинтересирани за учество во Регионалниот младински саем за вработување треба

  • Да бидат од Скопскиот регион;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub

Начин на пријавување

За да учествувате на настанот, треба да го пополните формуларот за регистрација достапен на овој линк.
За сите дополнителни прашања и информации за настанот може да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број +38978350531.

Рокот за пријавување е до 20.02.2022.