Зошто климатските промени се важни за младите лица?
Како Република Северна Македонија се справува со климатските промени во моментов?
Каква акција треба да преземат властите и компаниите во иднина доколку сакаме да го намалиме влијанието од глобалното затоплување?
Какви навики во секојдневниот живот треба сите ние да промениме за да ги ублажиме климатските промени?
Ова се само дел од прашањата што ќе ги одговорат учесниците на јавната дебата „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“ што ќе се одржи на 28 февруари (понеделник) со почеток од 13:00 часот.
Настанот ќе го отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, а во истата ќе учествуваат:
Бојана Станојевска-Печуровска, претседателка на Центарот за климатски промени;
Мила Јовановска, претседателка на „Гоу Грин“;
Ангела Бушеска и
Насер Велиу, младински делегати, претставници на Северна Македонија на настанот „Младите за климата- предводници на амбицијата“, што претходеше на 26-тата Конференција за климатски промени (КОП26) во Глазгов, Шкотска минатата година.
Мила Јовановска, претседателка на „Гоу Грин“;
Ангела Бушеска и
Насер Велиу, младински делегати, претставници на Северна Македонија на настанот „Младите за климата- предводници на амбицијата“, што претходеше на 26-тата Конференција за климатски промени (КОП26) во Глазгов, Шкотска минатата година.
Онлајн дебатата може да се проследи преку платформата „Зум“ на следниов линк: https://techsoupglobal.zoom.us/j/96877128565….
Учесниците ќе зборуваат на македонски, албански и англиски јазик, при што е обезбеден превод на секој од јазиците.
Дебатата е во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“, финансиран преку UK Aid од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.