Повик за консултант за ученички и младински компании

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме Повик за консултант за ученички и младински компании.

За ангажманот:

Консултантот е потребно да подготви 2 акти кои ќе бидат прилагодени на националниот контекст во Северна Македонија, и тоа:

а) акт за регулирање на модел на ученичка компанија во Северна Македонија;
б) акт за регулирање на модел на младинска компанија во Северна Македонија.

Повеќе информации за консултантот за ученички и младински компании најдете тука.
Целосниот повик е достапен тука.
Сите потребни документи за аплицирање се достапни тука.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, а понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected]. Како наслов на електронската порака наведете: „Апликација за консултант – By Leap – назив/име и презиме”.

Понудата треба да се достави во рок од 14 дена од датумот на објавување на повикот, не подоцна од 28.03.2022 година (вторник), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

Повик за учесници за локална пилатес работилница во рамки на проектот “Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието”

ЦМА Крик отвара повик за учесници за локална пилатес работилница.
 
Работилницата се спроведува во рамки на проектот “Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието”.Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус + спорт на Европската Унија.
 
Работилницата ќе биде спроведена од Марина Пешиќ – дипломиран спортски тренер, наставник по физичко образование и долгогодишен инструктор по пилатес, на 29.03.2022 , 17:00-18:00, во просториите на FITLIFE Studio 1 (Nevena Georgieva – Dunja 1, Skopje 1000)
 
За да изразите интерес за учество во локалната работилница пополнете ја следната апликациската форма.
 
*Учеството во работилницата е бесплатно и бројот на учесници е органичен поради COVID-19 протоколи, поради тоа пријавете се само доколку сте сигурни дека ќе учествувате, така што не би заземале простор.
*Селектираните учесници ќе бидат контактирани по електронска пошта.
 
Целта на проектот е да се зајакне свеста за додадената вредност на спортот и физичката активност во неформалното образование, како практично решение за развој на меките вештини.
 
Специфични цели:
  1. Да се создадат, тестираат и развијат 10 методи на учење во неформалното образование засновани на спортска методологија преку танц, шах, пилатес, фудбал, фитнес и боречки вештини.
  2. Да се промовира примената на спортските техники во образованието, преку развивање можности за  grasroot sport како поддршка на социјалната вклученост.
  3. Да се поддржи синергијата меѓу спортот од грасрут ниво и неформалното образование преку вклучување на релевантните чинители на ниво на заедницата.
 
Погледнете повеќе информации за проектните активности на нашето портфолио или на страната на проектот You Can Dance.
 
Целта на проектот е да се подигне свеста за додадената вредност на спортот и физичката активност во неформалното образование, како практично решение за развивање на личните вештини.
 
Проектот се спроведува помеѓу јануари 2021 и јуни 2022 година во партнерски конзорциум со Интеркултурната асоцијација за сите во Португалија, Центарот за младински активизам КРИК во Северна Македонија и Здружението за развој на млади и спорт од Турција.
 
За допилнителни прашања, контактирајте не на [email protected].
 
Ги очекуваме вашите апликации.