Младински сојуз распишува оглас за практикантска работа во секторот за логистичка и оперативна работа, во нашата канцеларија во Скопје на ул. Христо Смирненски, 48/2/8, општина Центар.
Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на оперативна и логистичка работа во организација за млади и ќе ги обавува следните задачи:
Логистичка и техничка поддршка во проектните активности;
Извршување на логистички дел на настани, поточно, обезбедување просторија, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица;
Активно учествува во останатите тековни активности во организацијата;
Контактирање на потенцијални учесници и волонтери за настани;
Следење на вклученоста на младите луѓе во програмите;
Електронско и hard copy aархивирање на документација од настани;
Поднесување месечен извештај за својата работа до оперативен координатор.
Се бара 1 лице за обавување на практична работа. Времетраење на ангажманот е не повеќе од 6 месеци. Почеток на ангажманот е флексибилен, во договор со избран апликант. Флексибилно работно време, не помалку од 4 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделно, за канцелариска работа. Вештини кои ќе се стекнат од праксата:
Вештини за имплементација на набавки
Вештини за работа со млади луѓе
Вештини за техничка имплементација на настани
Комуникациски вештини
Подготвеност за работа во интернационална средина
Ангажманот е со месечен надоместок во висина од 14.500,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство. Избраните практиканти ќе имаат можност за продолжување на практиканскиот ангажман во професионален ангажман. Право на аплицирање имаат сите лица кои се сметаат подобни за огласот, сакаат да се стекнат со конкретни вештини за оперативна работа и да не се постари од 34 години.
Сите заинтересирани може да испратат кратка биографија на е-маил: [email protected].
ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ, НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:
Работна позиција: програмски асистент во програма за стратешки развој
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
ЗА ПРОГРАМАТА:
Во склоп на програмата за стратешки развој ќе се работи на креирање и поттикнување на процеси, активности и програми за градење на капацитетите на младинските форми на организирање; креирање на процеси, активности и програми во насока на личен и професионален развој на младите; застапување и соработка со сите релевантини чинители, а со цел унапредување на капацитетите и можностите за младинските форми на организирање и унапредување на благосостојбата на младите.
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
Одлични комуникациски вештини;
Способност за работење во динамична работна средина;
Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:
Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти;
Одлично познавање на Microsoft Office;
Познавање англиски јазик;
Вештини за административно работење;
Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
Познавање на работата на НМСМ и младинскиот сектор;
Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
Завршено високо образование ќе се смета за предност;
Познавање албански јазик ќе се смета за предност.
ОПИС НА ГЛАВНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Подготовка на планови за спроведување на активности во рамки на програмата;
Подготовка на програмски и проектни документи;
Логистичка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
Техничка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
Подготовка на извештаи и дополнителна документација за спроведените активности;
Комуникација со учесници во програмските активности;
Подготовка на повици, договори и други администратвини документи за активностите во рамки на програмата;
Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
Редовна координација со Програмскиот менаџер и Програмскиот координатор;
Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.
НУДИМЕ?
Позитивна работна средина
Простор за професионална и лична надградба
Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
Флексибилно работно време
Платен годишен одмор од 24 дена
Приватно здравствено осигурување
Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
Почетна плата од 24.000 денари, нето износ, со можност за зголемување по завршување на пробниот период.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Програмски асистент најдоцна до 27.03.2022 до 23:59 часот. Сите претселектирани кандидати ќе бидат поканети на тестирање. Кандидатите кои успешно ќе го поминат тестирањето ќе бидат повикани на интервју.
LEAD во рамки на програмата UPSHIFT има потреба од ангажирање на 1 обучувач за работа со методологијата на Design Thinking коj ќе придонесе за развој на 5 иновативни социјални иницијативи поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОДА.
UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.
Првиот циклус ќе биде реализиран од март до јули 2022 и ќе биде посветен за развој на социјални иновации за прилагодување кон климатските промени во сектор ВОДА. Целосниот повик е достапен на следниот ЛИНК. Повикот на албански јазик е достапен на следниот ЛИНК.
Преку програмата UPSHIFT, ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120 000 денари.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ
Една од главните одлики на програмата UPSHIFT е користењето на методологија на Design Thinking за истражување на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на соодветни и иновативни решенија. Методологија на Design Thinking е предвидено да биде користена за време на ФАЗА 2, при реализирање на UPSHIFT Bootcamp од 14 до 16 април.
За време на UPSHIFT Bootcamp 10 средношколски тимови, секој составен од по 5 членa ќе треба да поминат низ процесот на Design Thinking за детализирање на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на решенијата. Целта на Bootcamp-от е да се изберат 5 победнички социјални иновации во секторот вода.
Работните задачи на обучувачот ќе опфаќаат:
1. Подготовка на програма и активности за UPSHIFT Bootcamp од 14-16 април според методологија на Design Thinking во соработка со Програмскиот координатор на UPSHIFT; 2. Реализација и водење на сесиите предвидени за користење на Design Thinking од 14 до 16 април; 3. Подготовка на краток извештај за ангажманот.
ПРОФИЛ НА ОБУЧУВАЧОТ
1. Минимум 4 години искуство во реализација на обуки и тренизи; 2. Минимум 4 реализирани обуки/тренинзи со користење на методологијата на Design Thinking; 3. Ке се смета за предност доколку апликантот e сертифициран или има комплетирана едукација како обучувач/тренер; 4. Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси; 5. Силни комуникациски и вештини за презентирање.
АПЛИЦИРАЊЕ, СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ
Аплицирањето за обучувач се врши електронски со испраќање на кратка биографија во која се наведени претходни слични ангажмани и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: [email protected], со назнака „UpShift Апликација за обучувач“
Рокот за аплицирање е до 30.03.2022. Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите.
Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 36 000 денари во бруто износ.
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА
ФАЗА 1 – ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМ/ПРЕДИЗВИК, СО МОЖНО ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ И АПЛИЦИРАЊЕ (МАРТ)
ФАЗА 2 – UPSHIFT BOOTCAMP (14-16 АПРИЛ, СТРУГА)
Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението.
ФАЗА 3 – ПРОМОЦИЈА И АКТИВНОСТИ ВО ЗАЕДНИЦАТА (МАЈ)
5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.
ФАЗА 4 – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ (МАЈ-ЈУЛИ 2022)
Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.
LEAD во рамки на програмата UPSHIFT има потреба од ангажирање на 5 ментори кои ќе помогнат во реализација на 5 иновативни социјални иницијативи поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОДА.
USHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.
Првиот циклус ќе биде реализиран од март до јули 2022 и ќе биде посветен за развој на социјални иновации за прилагодување кон климатските промени во сектор ВОДА. Целосниот повик е достапен на следниот ЛИНК. Повикот на албански јазик е достапен на следниот ЛИНК.
Преку програмата UPSHIFT, ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120000 денари.
ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕНТОРСКИОТ АНГАЖМАН
Ангажманот на менторите ќе биде во насока на помагање на средношколските тимови за:
1. Структурирање на решението поврзано со водата и негово претставување за време на UPSHIFT Bootcamp od 14 до 16 април во Струга; 2. Реализација на 5те социјални иницијативи во период од мај до јули. Секој ментор ќе работи со по една група на реализација на иницијативата на групата;
Работните задачи на менторите ќе опфаќаат:
1. Присуство на UPSHIFT Bootcamp од 14-16 април во Струга. Секој избран ментор ќе биде назначен на 2 средношколски тима (секој тим ќе биде составен од 5 члена) со кои ќе работи на подготвување на решението и негово претставување (pitching) пред жири комисијата; 2. Организацијата и реализирање на најмалку 6 менторски состаноци во периодот од мај до јули 2022 за имплементација на социјалните иновации. Секој ментор ќе биде назначен за еден победнички средношколски тим; 3. Редовно комуницирање со еден победнички тим и навремен фидбек за тимот во периодот од мај до јули 2022; 4. Редовно известување на програмскиот координатор на UPSHIFT за текот и функционирањето на средношколскиот тим; 5. Изработка на финален извештај за периодот на менторирање.
Се очекува менторот да има 6 работни денови во вториот период на менторирање од мај до јули.
ПРОФИЛ НА МЕНТОРОТ
1. Минимум 2 години искуство во работа со и менторирање на млади луѓе; 2. Минимум 3 години искуство во реализација на проекти поврзани со социјални промени и иновации; 3. Ке се смета за предност доколку апликантот има академска позадина или искуство во делот на климатски промени, животна средина и одржливост; 4. Ќе се смета за предност доколку апликантот има искуство во бизнис развој; 5. Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси
АПЛИЦИРАЊЕ СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ
Аплицирањето за менторскиот ангажман се врши електронски со испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: [email protected], со назнака „UpShift Апликација за ментор“. Рокот за аплицирање е до 30.03.2022.
По завршување на рокот за аплиција ќе бидат селектирани вкупно 5 ментори. Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите.
Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 47 664 денари во бруто износ.
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА?
ФАЗА 1 – ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМ/ПРЕДИЗВИК, СО МОЖНО ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ И АПЛИЦИРАЊЕ (МАРТ)
ФАЗА 2 – UPSHIFT BOOTCAMP (14-16 АПРИЛ, СТРУГА)
Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120 000 денари за имплементација на решението.
ФАЗА 3 – ПРОМОЦИЈА И АКТИВНОСТИ ВО ЗАЕДНИЦАТА (МАЈ)
5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.
ФАЗА 4 – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ (МАЈ-ЈУЛИ 2022)
Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.
Кои се предизвиците со кои се соочува твоето училиште и твојата локална средина Каква социјална иновација би предложил/а за прилагодување кон климатските промени во сектор вода? Собери тим од 5 соученици, опиши го проблемот/предизвикот поврзан со водата и аплицирај за награда од 120 000 денари
UpShift е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и зелената одржливост. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат:
– Вештини и компетенции за социјални иновации; – Практична примена на вештините во реализација на социјална иницијатива; – Посилна врска и одговорност кон локалната заедница
ВОДА – ТЕМАТСКИ ОПИС
Претставувајќи го вториот од четирите класични елементи на природата (воздух, вода, почва и оган), водата и нејзината чистота ќе бидат во фокусот на првиот циклус на програмата UPSHIFT. Дополнително, овој циклус ќе го одбележи 22 март, Светскиот ден на водата.
Според науката, водата е рангирана на второ место по кислородот како неопходна за живот. Поконкретно, чистата вода е важна за многу работи, вклучително и суштински ресурс за човекот, но и обезбедува услови за живот за милиони видови, а е и важен климатски регулатор. Чистата вода и санитарните услови се препознаени и како цел број 6 во рамки на целите за одржлив развој на Обединетите нации.
Сепак, сè уште се соочуваме со многу предизвици поврзани со чистотата на водата, пристапот до чиста вода и преголемо искористување на чистата вода.
Во рамките на овој циклус, од средношколските тимови ќе биде побарано да достават проблеми/предизвици поврзани за користење на потенцијалот на водата за подобрување на животната средина и квалитетот на животот, вклучувајќи:
1. Предизвици/проблеми и решенија насочени кон подобрување на квалитетот на водата; 2. Предизвици/проблеми и решенија насочени кон подобрување на пристапот до чиста вода; 3. Предизвици/проблеми и решенија насочени кон прочистување на водните тела и спречување на загадувањето; 4. Предизвици/проблеми и решенија насочени кон одговорно користење на водата и водните ресурси (реките, езерата); 5. Други предизвици и решенија поврзани со водата и водните ресурси во насока на климатски промени и заштитата на животната средина;
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА
Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја. Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.). Дополнително секој тим треба да назначи еден одговорен наставник.
Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку:
– Сите членови на тимот се различни; – Проблемот/предизвикот кој е идентификуван е различен; – Одговорниот наставник е различен.
Повеќе за програмата и начинот на аплицирање можете да прочитате на следниов ЛИНК.