Разговор за приватност #5 – Медиумската слобода и заштитата на личните податоци

Фондација Метаморфозис со задоволство ги поканува новинарите, претставниците на граѓанските организации и институциите, како и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе на темата „Медиумската слобода и заштитата на личните податоци“ на петтиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 21 март, во Јавна соба, со почеток во 15 часот. (Јавна соба се наоѓа на ул. 50-дивизија, бр.22 во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.)

 Гостин-говорник на оваа средба ќе биде Емилија Гиноска, помлад соработник за советување и односи со јавност во Агенцијата за заштита на лични податоци. Учесниците на средбата ќе имаат можност да дискутираат околу начинот на кој медиумите треба да балансираат помеѓу слободата на изразување и информирање и заштитата на личните податоци, како и околу исклучоците во однос на обработката на личните податоци извршена за новинарски цели.

Агендата за настанот можете да ја најдете во прилог на оваа порака, а вашето учество можете да го пријавите со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

 За учесниците кои не се од Скопје, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да го направиме ова, ќе биде потребно да ни доставите оригинални сметки и билети од патувањето.

ТЕКСТ