Потреби и навики при користење интернет и познавање на правата на приватност

Со пополнување на овој прашалник давате придонес кон истражување што го спроведуваат Фондација Метаморфозис и Здружение Конект, а се однесува на потребите на различни целни групи во процесот на заштита на нивните лични податоци при користење на електронски алатки, но и генерално, во секојдневното живеење. Прашалникот е анонимен, а збирните резултати од истражувањето ќе бидат искористени за планирање и организирање на идните активности во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – Градење инклузивен дигитален екосистем“, ко-финансиран од Европската унија, како и за потребите за следење и оценување на активностите и известување на донаторот. 

Забелешка: Податоците од овој прашалник ќе се третираат со доверливост и истите ќе послужат исклучиво за потребите на проектот. Сите информации за начинот на заштита на личните податоци како и начинот на остварување на Вашите права за заштита на приватноста можете да ги погледнете во нашата Политика за приватност објавена на https://metamorphosis.org.mk/politika-na-privatnost/ .

Прашалникот е достапен на овој ЛИНК.

Повик за учество на онлајн курс: Дигитална трансформација: Арт(-едукација) во светот на дигиталните и виртуелните  медиуми 

Дигитална трансформација: Арт(-едукација) во светот на дигиталните и виртуелните медиуми

Што значи дигиталната технолошка иновација за уметноста и што може уметноста да направи за (дигитална) технолошка иновација? Како можеме да направиме иновација во образованието преку спој на уметност, технологија и дигитални медиуми? Зачекорете во димензијата на сајбер-предавачите: Wouter/Воутер и Steph/Стеф, кои ќе ве предизвикуваат да откриете што би значели дигиталната трансформација за вас, за вашата работа и за иднината на образованието и уметноста.

Центар-Јадро годинава ја продолжува соработката со Универзитетот ФОНТИС од Холандија, која започна во 2021 со серијата предавања и разговори на тема УМЕТНОСТ, ОБРАЗОВАНИЕ И ТЕХНОЛОГИЈА ВО ЕРАТА НА (ПОСТ)КОВИД-19. Во рамки на оваа соработка им овозможуваме на заинтересираните уметници и креативци од различни области да се вклучат во  6-неделниот курс под наслов Дигитална трансформација: Арт(-едукација) во светот на дигиталните и виртуелните  медиуми, во организација на ФОНТИС Универзитетот.

Курсот се состои од 6 бесплатни, онлајн лекции, кои ќе се одржуваат секоја среда од 19:30 часот до 21:30 часот. Работен јазик на курсот е англиски. Првата лекција ќе се одржи на 23ти март, а од пријавените се очекува да учествуваат во сите 6 онлајн лекции.

Конкретните датуми за лекциите се:

  • март: 23, 30

  • април: 6, 13, 20

  • мај: 11, 18 (2 дополнителни бесплатни часа)

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов формулар за пријава ——> https://forms.office.com/r/wm5Z7qqaFi

Како изгледа вашиот виртуелен свет? Дали таму има простор за вашата уметност и вашата работа? И како вашите ученици ги доживуваат своите виртуелни идентитети и дигитални места?

Дали возбудата околу VR/AI/Digitech е веќе стара вест? Или сепак сме пред прагот на голема новина? Или, пак, дигиталната трансформација веќе ги изедначи реалноста и виртуелноста?

Овие прашања ќе бидат поставени во нашиот експериментален курс. За време на предавањата ќе скршиме некои работи; ќе споделуваме работи; ќе си играме со нештата; ќе се инспирирате едни со други и ќе истражуваме што значи дигиталната трансформација на индивидуално ниво и како би можеле да ја користиме или усовршиме дигиталната трансформација во нашата работа.

Заедно ќе експериментираме со различни видови медиуми и ќе учиме како да ги користите овие техники во рамките на вашата работа и едукација. 

Лекциите ќе ги водат инспиративни гости говорници од различни области со кои ќе отвориме подробни дискусии на оваа тема. Овој курс е направен за да заскокотка едно поинакво размислување околу дигиталните алатки што скојдневно ги користиме и за можностите што тие ги нудат.

Сајбер-учителите Wouter Heine-Hädicke и Steph Byrne ќе работат со вас на онлајн сесиите. Различните медиуми и техники ќе го одредат текот на лекциите, што ќе резултира со уникатни предавања кои ќе се разликуваат едно од друго и делумно ќе се обликуваат во зависност од вашиот придонес и интерес.

Заинтересирани сте? Придружете ни се во нашето истражување на виртуелниот и дигиталниот простор. Ве молиме споделете и следете!

 

Запознајте ги подобро предавачите: 

Wouter Heine-Hädicke

Како наставник по уметност, мислам дека клучен дел од мојата професија е да им помогнам на учениците да акумулираат разновидно искуство во училницата по уметност за да го персонализираат секојот медиум. Ова ме инспирираше да воведам нови креативни технологии во училницата што ми овозможи да развијам FabLab начин на размислување и да создадам нови практични училници кои функционираат како студио, простор за изработка и сцена за презентација. Така тргнав да ја најдам врската на технологијата со креативната област на работа и увидов дека во голем дел се користи истиот пионерски начин на размислување при поврзување на уметноста и технологијата. Ова го наметнува моето мислење да им дадам на учениците што е можно поголема креативна слобода и да ги предизвикам да работат со различни медиуми.

За време на мојот сопствен период на школување, секогаш имав голема фасцинација со дигиталните светови, технологиите и креирањето нови можности преку игри. Ова ме поттикна да развијам вештини и знаења за работа со дигитални техники, како што се проширена реалност, cnc-техники и дизајнирање со мрежи. Како што други ме инспирираа мене да го изучувам класичното сликарство или скулптура, така јас секогаш се трудам да инспирирам трансформација на овие класични изрази во дигитални или виртуелни медиуми.

Steph Byrne

Јас сум продуцент на настани, изведувач на перформанси и креатор на преноси во живо. Работам во јавната библиотека во Тилбург, каде што мојата работа е главно фокусирана на улогата на игрите и дизајнот на игри во образованието. Како за развој, така и за благосостојба, главно кај тинејџери и млади возрасни лица. Сакам да споделувам идеи за виртуелна и дигитална реалност од уметнички, филозофски и личен поглед. Верувам дека е исклучително важно просторите и иновациите да се сфатат сериозно: да се одвојат и да се стават во функција.

Не мора да бидете пионер за да внесете иновации во вашата практика: сè што треба да направите е да останете љубопитни.

JутВики (Youth Wiki)

Ни претставува особено задоволство да ве поканиме да учествувате на настанот „YouthWiki: Форум за младински политики“ , којшто ќе се одржи на 28 март 2021 г. (понеделник), со почеток во 10:00 ч. во МладиХаб, Скопје. 
 
Настанот има за цел да воспостави дијалог помеѓу младите и младинските организации со носителите на одлуки за младински политики, да ги вклучи младите и младинските организации во креирањето, спроведувањето и следењето на младинските политики, и да ја запознае јавноста со платформата ЈутВики (Youth Wiki), сеопфатна база на податоци за националните структури, политики и активности кои се однесуваат на младите. Дополнително на настанот ќе бидат споделени податоците од спроведениот мониторинг на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики од страна на НМСМ.
 
Агендата на настанот е достапна подолу:
10:00 – 10:15 РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ
10:15 – 10:30 ВОВЕДНИ ОБРАЌАЊА
– МАРКО ЃОРГИЕВСКИ, Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
– АНГЕЛА АНЃЕЛОВСКА, Потпретседателка на Национален младински совет на Македонија 
10:30 – 11:30 ПАНЕЛ I: МЛАДИТЕ ВО ФОКУС НА ПОЛИТИКИТЕ
– АНЕ МАТЕВСКА, Програмска координаторка во НМСМ
– МОНИКА ЗАЈКОВА, Координаторка на Клуб за младински прашања и политики во Собранието на Република Северна Македонија 
– АРДИТА ВЕЈСЕЛИ, Истражувачка во Институтот за европска политика (ЕПИ)
Модератор: ФИЛИП КУЛАКОВ, Програмски менаџер во НМСМ
11:30 – 12:00 КАФЕ ПАУЗА
12:00 – 13:00 ПАНЕЛ II: 2 ГОДИНИ ОД ЗАКОН ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ 
– ФИЛИП КУЛАКОВ, Програмски менаџер во НМСМ
– НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ, Директор на Агенцијата за млади и спорт (TBC)
– ТИМЧО МУЦУНСКИ, Градоначалник на Општина Аеродром (TBC)
– ЈЕТМИР АСАНИ, Претседател на Совет на Општина Чаир
– АЛЕКСАНДРА ПЕТКОВА, Претседателка на Сојуз за младинска работа
Модератор: АНЕ МАТЕВСКА, Програмска координаторка во НМСМ
13:00 – 13:30 ДИСКУСИЈА СО ПУБЛИКАТА
13:30 – 14:30 НЕФОРМАЛНО ВМРЕЖУВАЊЕ ПОМЕЃУ ПРИСУТНИ
 
Дискусијата ќе се одржи со строго почитување на сите протоколи за здравствена заштита. Поради ограничениот број на места за настанот, Ве молиме Вашето присуство да го потврдите со пополнување на следниот формулар:
https://forms.gle/Mzzp15yiwdfiioGT8
Патните трошоци на посетителите надвор од Скопје ќе бидат покриени.
Дознајте повеќе за ЈутВики (Youth Wiki) платформата и нејзините поглавја на следниот линк: https://national-policies.eacea.ec.europa.eu/youthwiki