Aплицирај за Глобал Шејпер!

Дали сакате да бидете дел од позитивни промени и да ја „обликувате“ заедницата преку сопствена иницијатива? Дали сте на возраст од 18 до 27 години? Сакате одлична дружба, размена на идеи и вмрежување со млади професионалци и лидери од целиот свет? Дали ви е важен личниот и професионалниот развој? Ако одговоривте да на овие прашања, можеби токму ВИЕ сте новиот Шејпер кој го бараме!

Кои сме ние?
Глобал Шејперс Скопје Хаб е дел од Заедницата на Глобал Шејперс (Global Shapers Community) која e инцијатива на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF). Таа е мрежа од над 10.100 Шејпери и над 450 хабови ширум светот, равиени и водени од млади индивидуалци кои се исклучителни во својот потенцијал, успесите и постигнувањата кои ги имаат зад себе и желбата да придонесат во нивните заедници.

Што е Шејпер?
Шејперите (Global Shapers) се високо мотивирани млади луѓе, на возраст 18-27 години, кои имаат голем потенцијал за идни лидерски улоги во општеството. Тие се избрани врз основа на нивните постигнувања, лидерски потенцијал и посветеност да направат разлика и да ја „обликуваат заедницата” во која работат и живеат.


 Што треба да направите доколку сакате да се пријавите?

Ако сте заинтересирани, пополнете ја пријавата на следниот линк: https://forms.gle/qpcLFj2WvfSQxzio7 и испратете ни ја вашата биографија/CV на – [email protected]. Ве очекуваме! Рокот е до четврток (31.03.2022).

Промоција на истражување „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“

Реактор – Истражување во акција има чест да Ве покани на промоција на последното истражување на тема: „Родовобазирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“која ќе се одржи на 30 март (среда), 2022 година, во просториите на Јавна Соба (Public Room), со почеток во 11.00 часот, со времетраење од два часа.

Со поддршка на Европската унија (ЕУ) и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, како дел од регионалната иницијатива за справување со овој вид на дискриминација во шест земји од Западен Балкан, овој извештај претставува продолжение на првото истражување од ваков вид во Северна Македонијаспроведен од Реактор, кое беше објавено во 2019 година. Извештајот содржи информации и споредба на состојбите поврзани со недостатоците во релевантната законска рамка; застапеноста и природата на родово базираната дискриминација на пазарот на труд; стапката на пријавени случаи и начинот на кој институциите ги третираат таквите случаи; и препораки насочени кон секоја засегната страна.

За време на овој настан, Реактор – Истражување во акција ќе ги презентира клучните наоди и препораки кои произлегуваат од истражувањето, по што ќе следи и дискусија во врска со наодите.

На панелот свое обраќање ќе имаат и, претставник на Делегацијата на Европската Унија (TBC); Светлана Цветковска, Министерство за труд и социјална политика; Кире Василев, Комисија за спречување и заштита од дискриминацијаДрагиња АврамчевскаДржавен инспекторат за трудКристина АмпеваГласен Текстилец и Ина Џугуманова, Хелсиншки Комитет за човекови права.

Претставниците на граѓанските организации, јавните институции, и медиумите се поканети да присуствуваат на овој настан. На крајот од панелот, присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања.

Би ни била особена чест доколку ја прифатите оваа покана и ни се придружите на оваа промоција. Навистина би ценеле доколку ни го потврдите Вашето учество најдоцна до 29 март, 2022 година. 

Агендата за настанот погледнете ја тука.

За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на имејл: [email protected].

Со почит,
Реактор – Истражување во акција

Партнери во имплементацијата на овој проект сеKosovo Women’s Network од Косово, Реактор – Истражување во акција од Северна Македонија, Gender Alliance for Development Centre (GADC) од Албанија, Helsinki Citizens’ Assembly Banja Luka (HCABL) од Босна и Херцеговина (БиХ), Women’s Rights Centre (WRC) од Црна Гора и Kvinna till Kvinna Foundation од Шведска преку нивната канцеларија во Србија.