Отворање на Младински центар – Млади Хаб во Битола

📅 На 28 април, 2022 г. (четврток), со почеток во 13:00 часот, ќе се отвора Младинскиот Центар – МладиХаб, во рамки на УЗ. Вељко Влаховиќ во Битола.
🙌 Настанот е замислен како платформа за вмрежување на младите со компании и граѓански организации од Битола и регионот. Воедно во рамки на отворањето, ќе бидат прикажани четири видеа кои вклучуваат млади учесници и ментори од програмата за практиканство, програмата за кариерно советување и акцелераторската програма.
👉 Официјалното отворање предвидува воведни обраќања од страна на Мариана Ангелова, Генерален секретар на НМСМ, Ендру Бренд, Програмски раководител во Британската Амбасада во Скопје и д-р Тони Коњановски, Градоначалник на Општина Битола.
✨ Новата канцеларија ќе служи како простор за работа, вмрежување и организирање на активности кој бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот. Младинскиот Центар – МладиХаб Битола воедно ќе биде и место каде младите ќе можат да се информираат за тековни проекти, мерки и активности наменети за помош и поддршка за млади.
Пријавете го своето учество на настанот со пополнување на формите подолу.
Форма за млади лица – https://bit.ly/3KPMgTy
Форма за правни субјекти – https://bit.ly/3JT4CSH
 
Ве очекуваме на отворањето!